Виштерица
Виштерица (бугарски: Вищерица) — река во Банско и Грменско, Пиринска Македонија, десна притока на Канина од сливот на Места. Долга е 24 км. Ги одводнува најсеверозападните делови на Доспат Планина во Западните Родопи.[1]
Виштерица Вищерица | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Доспат Пл., Западни Родопи |
• координати | 41°50′21″N 23°45′28″E / 41.8392° СГШ; 23.7578° ИГД |
• надм. вис. | 1.586 м |
Устие | |
• координати | 41°42′54″N 23°50′44″E / 41.715° СГШ; 23.8456° ИГД |
• надм. вис. | 1.151 м |
Должина | 24 км |
Големина на сливот | 80 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Канина Река кај Гатера, 9 км СИ од Ковачевица |
Реката извира на надморска височина од 1.586 м, 1,7 км северозападно од врвот Каракаја (1.761 м) на Доспат Планина (Дабраш) во Западните Родопи. Тече во правец југ-југоисток, во релативно плитка и силно пошумена долина. Завршува како десна притока на реката Канина во месноста Гатера (1.151 м.н.в.), 9 км североисточно од с. Ковачевица. Во устието Виштерица има речиси исто количество вода колку и главната река.[1]
Сливот зафаќа површина од 80 км2, што претставува 34,19 % од вкупниот слив на Канина.[1]
Главни притоки се Каратичка Река (лева) и Елушка Река (десна).[1]
По течението на реката нема населени места. Во горното течение, покрај мало езерце, е сместено шумарското место „Виштерица“.[1]
Дел од водите на Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат.[1]