Камена могила (Украина)
Камена могила (украински: Кам'яна Могила, руски: Каменная могила) - археолошки објект кој се наоѓа во долината на Молочна Река (Млечна Река), на околу еден километар од Терпиња (Запорошка Област, Украина).[1]
Камена могила Кам'яна Могила | |
Национална археолошка локација | |
Поглед на местото
| |
Земја | Украина |
---|---|
Област | Запорошка Област |
Округ | Мелитополски Реон |
Урбано подрачје | Мелитопол, Мирна |
Координати | 46°57′0″N 35°28′12″E / 46.95000° СГШ; 35.47000° ИГД |
Површина | ,03 м² |
Геологија | Sand |
Основано | 1954 |
- Национален статус | 2008 |
Раководство | ? |
- местоположба | Мелитопол |
IUCN категорија | III - Споменик на природата |
Портал: www.stonegrave.org | |
Опис и особености
уредиОбјектот е изграден во мал изолиран карпест масив од песочна карпа, со големина од 240 до 160 m, која се состои од големи камени блокови, некои со големина до 12 m. Самиот масив е со површина од 30 000 m². Според месните легенди могилата е образувана како резултат на борба со камења меѓу два џина, кои се ределе да фрлаат камења еден кон друг. Песочниот масив долго време бил остров во средината на течението на Молочна Река, сè додека коритото на истата не се изместило на запад. Масивот е остаток од песочното дно на праисторискиот океан Тетида, остатоци од кој се водните басени на Средоземно, Црно, Касписко и Азовско Море. Формата на Камената могила е иста, како на курганите распрснати во Понтиско-касписката степа (Голема степа).
Археолошко проучување
уредиОбјектот првпат се споменува во 1778 година кога за време на Руско-турската војна, Александар Суворов распоредува стражи на патот во близина на могилата.
Првиот истражувач, кој го проучувал објектот и тоа проучување во објавил во 1837 година во „Список на древните споменици“ е Петар Кепен.[2]
Во текот на 1889 година. Н. И. Веселовски е првиот научник кој извршил ископување во објектот. Недалеку од могилата, Веселовски ископал курган и решава да ги провери гласовите за могила крај с. Терпења. Во текот ан 1890 година, тој врши ископувања во неколку од пештерите, но не успева да најде засолниште или некаков гробен инвентар, па разочаран ги запира работите на објектот кој го споменува само накратко во записите за Камената могила.[3]
Првите сериозни археолошки проучувања на објектот се извршени во текот на 1930-тите година од научниот тим на „Метрополско историско-краеведчески музеј“ со кој раководел Валентина Даниленко. Младиот археолог објавува дека открил триесет пештери со петроглифи кои екипата ги датира меѓу XX и XVII век п.н.е. Даниленко го продолжува проучувањето до крајот на Втора светска војнаВтората светска војна и објавува дека открил уште тринаесет пештери со петроглифи.[4]
Во текот на 1936 година, „Камената могила“ е вклучена во проект за истражување во рамките на „Азово-црноморската експедиција“ организирана од „Институтот по археологија на СССР“, а во текот на 1938 година станува основен објект на истражување на наведената експедиција. Научен раководител на експедицијата е извесен советски археолог Ото Николаевич Бадер. Истражувањето открива уште 30 мали пештери, кои содржат мноштво цртежи.[5]
Археолошкото проучување на могилата продолжува до 1941 година кога СССР влегува во Втората светска војна и Бадер е затворен во Сибир заради своето германско потекло. По крајот на војната тој останува да работи во Перм, а проучувањето на Камената могила продолжило во 1950-тите години од В.Н. Даниленко, Б.Д. Михајлов и М.Ј.Рудински кои откриваат уште 13 места во могилата со цртежи. Во овој период според плановите на советското раководство на ова подрачје требало да се изгради вештачко езеро според кој план многу археолошки објекти по течението на Молочна Река требало да бидат потопени. Овој план е напуштен после смртта на Јосиф Сталин во 1953 година.[6]
На почетокот на 1970-тите Даниленко проучува уште две пештери од комплексот, а кон крајот на истото десетлетие Михајло успева да проучи уште неколку пештери на територијата на могилата. Во време на Молочанската експедиција во реонот се проучени 269 гроба од бронзеното време и средниот век. Во текот на 1986 година по иницијатива на Михајлов Советот на министрите на Украина и Обласната управа на Запорошката Област добиваат решение да создадат Историски музеј – резерват „Камена могила“ чиј прв директор бил Михајлов.
Од 1940-тите години се јавува дискусија за периодот на настанокот на цртежите откриени во пештерите на објектот. Истражувачите Даниленко и Рудински се на спротивни мненија во нивните монографии кои го носат истиот наслов „Камената могила“ – и двете изданија се публикувани посмртно.[6][7]
Во текот на 1994 година, могилата била проучувана од ориенталистот А.Г. Кифишин, според кој на карпестите цртежи во објектот има траги од прасумерско писмо.[8]
Фотогалерија „Петроглифи од Камената могила“
уреди-
Панел №1
-
Пештера №9, панел № 3 (фрагмент)
-
Панел №37/4, фрагмент од петроглиф „воловска кола“(?)
-
Панел №34а, „Плочата со стапките“
-
Еден од малкуте надворешни цртежи
-
Плоча №7, стенски цртеж
-
Петроглиф KM6
Петроглифи
уредиНа територијата на Камената могила се откриени 87 пештери, од кои во 65 се откриени илјадници петроглифи – цртежи и симболи. Датирањето на карпестите цртежи опфаќаат огромен период – од доцниот палеолит до средновековието (од XXIV-XXII век п.н.е. до Х-XII).[9]
Ниту еден од курганите откриени во непосредна близина на могилата не можат да бидат поврзани во еден историски контекст со објектот. Во непосредна близина до објектот не се откриени и населби, кои можат да бидат поврзани со објектот, кое нешто ги наведува научниците дека местото било свештена неприкосновена територија. Некои петроглифи имаат слаби траги од црвена боја.[6]
Датирање
уредиОтсуството на дополнителен археолошки материјали од могилата (керамички фрагменти, коски, украси и др.) ги принудило научниците да го датираат споменикот според цртежите. (Во близина до Камената могила се откриени палеолитски, неолитски и села од бронзеното време, но меѓу овие објекти недостасува директна врска со петроглифите од пештерите). Во текот на 1950-те години започнува жестока дискусија за датирањето на цртежите, во кои преовладуваат мислењата за припадност кон палеолитот, бакарното време и дури мезолитот. Палеолитското датирање главно го поддржуваат Даниленко и Бадер (барем во раните фази на нивните научни истражувања), Рудински е приврзаник на неолитското датирање. Научната дискусија за датирањето во суштина се сведува на тоа дали еден од најголемите петроглифи претставува бик или мамут, првиот би бил поткрепа на неолитското датирање, а вториот е во полза на мезолитското датирање. Од овие причини пештерата во која е откриен спорниот цртеж, често се нарекува со две различни имиња „Пештерата на бикот“ и „Пештерата на мамутот“.[5][7]
Меѓу петроглифите од Камената могила има некои, кои потсетуваат на петроглифи откриени на територијата на Шведска и Карелија. Тие цртежи се серија кругови и отпечатоци на човечки траги. Сепак, поголемиот дел од карпестите цртежи од могилата се единствени од ваков вид. Многу истражувачи ги разгледуваат петроглифите како цртежи на животни (бикови, елени), како и посложените сцени („двојка волови“, „животни среде дабје“, „бикови во поза на самоодбрана“, „жертвопринесување на луѓе и животни“) итн. Останатиот дел од цртежите во карпите традиционално се толкуваат како магични фигури, нацртани сцени на ритуали, користени за успех во ловот и риболовот. На пример, карактеристични петроглифи од Камената могила, како цртежи на линии кои се сечат, се толкува како рибарска мрежа, образът на която е бил предназначен за култовия ритуал, който може да донесе среќа во време на риболов. Во „Пештера 9“ (т.н."Пештерата на мамутот/бикот") бил откриен хоризонтален камен, кој можеби се користел како олтар, што донекаде ги потврдува овие интерпретации. Оригиналноста на повеќето петроглифи и сложениот геометриски цртеж ги усложнува толкувањето на она што било скриено зад овие сцени.[7]
Алтернативни теории
уредиНа оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Нестандарден приод при толкувањето на петроглифите од Камената могила нуди познатиот ориенталист А.Г. Кифишин, кој ги истражувал од 1994 до 1996 г. и дошол до заклучок дека се работи за протосумерска писменост. Кифишин смет адека успеал да го дешифрира даденото писмо и ги објавил резултатите од неговото истражување во монографија.[8]
Изследванията на Кифишин не се разисквани в научната литература, а дискусията околу тях се провежда претежно в популярната преса. Украинският археолог Шилов оценява работата на Кифишин с ентусиазъм, докато известния руски ориенталист Дяконоф, долгогодишен противник на методите Кифишин в Шумерологията нарича изследванията му „глупости“.
Друг виден ориенталист И.М.Рассох също критикува изследването на Кифишин, како посочва че петроглифите од Камената могила имаат своите паралели при древните клинописни натписи од Британските Острови, старогерманските и скандинавските руни и древнославянското писмо съставено од черти и резки. Рассох изказва мнението че археолошкият објект е по-скоро паметник на древната свещена писменост од епохата на индоевропейското еденство – т.н. „Средностоговска култура“ (распространета во бакарното време, 4500 – 3500 г.пр.Хр.) во степите меѓу реките Днепар и Дон.[10][11][12]
Легенди
уредиГеолошката реткост на таква природна формација како Камента могила била предуслов за многу теории за вештачкото потекло на споменикот. Уште Н. И. Веселовски кој го истражувал објектот кон крајот на XIX век, го третира како вештачки изграден курган. Постојат неколку легенди за потеклото на Камената могила, според една могилата е резултат на двобој со камења меѓу два џина, оваа е со словенско потекло.
Постои и легенда меѓу ногајските Турци, според која јунакот Богур згрешил пред Алах и тој го казнил да ги пренесе огромните камени блокови и да ги нареди на брегот на Молочна Река како могила, која ќе се гледа од сите насоки. Богур ја исполнил заповедта на Алах така што прибегнал на итрина, ги собирал камењата на друго место, не на посоченото од Алах. Како што брзал да ја заврши работата, Богур се сопнал и останал приклештен меѓу камените блокови, каде умрел од глад – како казна за неговото лукавство. Потоа, Алах го натерал ветерот да го засипе трупот на јунакот со песок меѓу камењата, така неговите коски се сè уште таму под Камената могила, а местото ногајците го викаат Камена Гора.[3][13]
Наводи
уреди- ↑ Гайко Г., Білецький В., Мікось Т., Хмура Я. „Гірництво ѝ підземні споруди в Україні та Польщі“ (нариси з історії). Донецьк: УКЦентр, Донецьке відділення НТШ, „Редакція гірничої енциклопедії“, 2009. С. 296.
- ↑ Кёппен П. И. Крымский Сборник. СПб., 1837.
- ↑ 3,0 3,1 Веселовский Н. И. Отчёт Императорской Археологической комиссии за 1890 г., Санкт Петербург, 1893
- ↑ Даниленко В. М. „Кам’яна Могила“, „Наукова Думка“, Київ, 1986
- ↑ 5,0 5,1 Бадер О. М. Петрогліфи Кам’яної могили // Палеоліт і неоліт України. Том I. Випуск VI, видавництво АН УССР, Київ, 1949
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Рудинський М. Я. Кам’яна Могила (корпус наскельних рисунків), видавництво АН УССР, Київ, 1961
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Даниленко В. М. Кам’яна Могила, „Наукова Думка“, Київ, 1986
- ↑ 8,0 8,1 Кифишин А. Г., Древнее святилище Каменная Могила. Опыт дешифровки протошумерского архива XII—III тысячелетий до н. э., „Аратта“, Киев, 2001 ISBN 966-7865-08-8
- ↑ Михайлов Б. Д. Петроглифы Каменной Могилы на Украине, Запорожье, 1994
- ↑ Акимова Л.И. Гениальный Никто // Древнее святилище Каменная Могила. – Киев: Аратта, 2001. – ISBN 966-7865-08-8.
- ↑ Колинько В., Корец М. Ищут „Пуп земли“ // газета „Труд“. – № 036 за 01.03.2002.
- ↑ Румянцевский музей О „дешифровке“ А. Г. Кифишина
- ↑ Михайлов Б. Д. Каменная могила. „Промінь“, Днепропетровск, 1979