Кадарли

историско село во Струмичко
(Пренасочено од Кадарлија)

Кадарли или Кадарлија (варијанти: Кадирли или Кадирлија) — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала.

Кадарли
Кадарли во рамките на Македонија
Кадарли
Местоположба на Кадарли во Македонија
Кадарли на карта

Карта

Координати 41°32′34″N 22°41′58″E / 41.54278° СГШ; 22.69944° ИГД / 41.54278; 22.69944
Регион  Југоисточен
Општина  Василево
Област Огражден
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија

уреди

Селото се наоѓало на планината Огражден.

Историја

уреди

На крајот од XIX и почетокот на XX век Кадарли било турско село во Струмичката каза. Населението се занимавало со земјоделство, сточарство и дрводелство. Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кадарли имало 30 куќи, сите муслимански.[2] Според него, во Кадарлија и соседното Кара Чали живееле околу 150 муслимани кои имаат по една мала џамија.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кадарли (Кадърли) се состоело од 140 лица, сите Турци.[4] Според „Материяли за изучване географията на Македония. ΙΙ. Струмишка каза“ во 1905 г. Кадерли (Казарли, Кадарли) е чисто муслиманско село со 12 куќи од 69 жители и една џамија.[5]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Материали по географията. Струмишко. Отъ Архимандритъ Герасимъ“. Библиотека. Пловдивъ (XVIII–XX): 88. 1897 – преку Дигитална библиотека - Народна библиотека „Иван Вазов“ - Пловдив.
  3. „Материали по географията. Струмишко. Отъ Архимандритъ Герасимъ“. Библиотека. Пловдивъ (XVI–XVII): 75. 1896 – преку Дигитална библиотека - Народна библиотека „Иван Вазов“ - Пловдив.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
  5. Материяли за изучване географията на Македония. ΙΙ. Струмишка каза. София: Печатница „Воененъ Журналъ“. 1908. стр. 20, 46, 47.