Историја на Лихтенштајн

Дненшната територија на Лихтенштајн во минатот била во склопот на Реција. Во текот на историјата, оваа територија останала далеку од европските стратешки планови и интереси. Пред доаѓањето на власт на актуелната династија, Лихтенштајн бил под управа на Хабсбуршката династија.

Дел од темата Лихтенштајн

Историја на Лихтенштајн

Античка историја

Рана историја

Среден век

Реција
Австриска власт
Шведска власт
Династија Лихтенштајн
Рајнски Сојуз
Уставот од 1862

Најнова историја

Прва светска војна
Прва светска војна
Лихтенштајн

Портал:Лихтенштајн

Династијата Лихтенштајн своето име го добила по дворецот Лихтенштајн, за последен пат во составот на Австрија. Низ вековите, членовите на династијата зазимале големи територии под свои надлежности, како во Моравија, Долна Австрија и сепак не успевале да ги зачувуваат тие региони поради силата на Хабсбуршката династија. Грофовиите Шеленберг и Вадуц, кој биле придобиени во 1699 година станале дел од множеството грофовии, херцеговства, кнежевства и држави обединети во светата Римско Царство. Во 1719 година, териториите ѝ биле објавени за наследство од страна на Карло VI. Од 23 јануари 1719 година Лихтенштајн бил објавен за кнежевство, станувајќи суверена држава во составот на империјата. Во 1806 година, Светото Римско Царство паднало под француска власт. Ова придонесува, Лихтенштајн по првпат во својата историја да стане независен.

Во текот на Втората светса војна, земјата успеала да ја зачува својата неутралност. По завршувањето на војната, Чехословачка и Полска зазеле некои делови од Нацистичка Германија, кои биле под власта на Лихтенштајн. Овде, пред сè се смета за Бохемија, Моравија. Династијата од 1938 година живееле во Виена.

По војната следувал тежок период за династијата и државата, кое ги принудило да се откажат од некои уметнички дела како Ginevra de' Benci од Леонардо Да Винчи, која била купена од страна на САД. Лихтенштајн е дел од договорот за европска слободна трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не произјавила желба да биде дел од истата.