Шеленберг
Шеленберг (германски: Schellenberg) — општина во низинската областа на Лихтенштајн, на бреговите на реката Рајна.
Шеленберг Schellenberg | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
![]() | |||
| |||
![]() Шеленберг во рамките на Лихтенштајн | |||
Координати: 47°14′N 9°32′E / 47.233° СГШ; 9.533° ИГДКоординати: 47°14′N 9°32′E / 47.233° СГШ; 9.533° ИГД | |||
Список на држави во светот | ![]() | ||
Села | ниедно | ||
Површина | |||
• Вкупна | 3,5 км2 (14 ми2) | ||
Надм. вис. | 626 м | ||
Население (31.12.2008[1]) | |||
• Вкупно | 1,042 | ||
• Густина | 294/км2 (760/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 9488 | ||
Повик. бр. | 7011 | ||
ISO 3166 | LI-08 | ||
Мреж. место | www.schellenberg.li |
Грофовија Шеленберг | |||||
Herrschaft Schellenberg | |||||
вазален | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Шеленберг, Вадуц | ||||
Уредување | Кнежевство | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Освоено од Рим | 15 п.н.е. | |||
- | Создадено грофовија од Карло Велики |
IX век | |||
- | Купено од грофовите на Вадуц |
1437 | |||
- | Припоено со Вадуц, кон Австрија |
1499 | |||
- | Лихтенштајнската династија станале грофови |
1706 | |||
- | Припоено од лихтенштајнската династија |
1719 |
Историја Уреди
Рана историја Уреди
Областа најпрвин била населена од Келтите, потоа од Рецијанците. Римското Царство ја освоила областа во 15 п.н.е. и ја припоила кон покраината Реција. Подоцна, покраината станала грофовија под водство на Карло Велики. Грофовијата било неколкупати делено помеѓу наследниците.
Грофовијата Шеленберг било купено од грофовите на Вадуц во 1437 година и оттогаш двете држави биле соединети. По Швапската војна во 1499 година, обете потпаднале под австриска власт. Различни династии ги купувале и продавале, додека кон почетокот на XVIII век не биле купени од лихтенштајнската династија, која добила принцевски статус во 1706 година, но која побарувала територија со царска непосредност со цел да може да гласа во Собранието на принцовите во Империјата. Царот службено ги споил Вадуц и Шеленберг во 1719 година како Кнежевство Лихтенштајн.
Втора светска војна Уреди
Во општината се наоѓа споменик во пограничниот град Хинтершеленберг, во чест на засолништето на руските војници.[2] Кон крајот на Втората светска војна, Лихтенштајн им дала азил на околу петстотина војници на Дивизијата Русија, руски сили во рамките на германскиот Вермахт. Ово дело не била мала работа за држава која била сиромашна и имала тешкотии со прехранување и гриѓа за толкава група бегалци. На крајот, Аргентина се согласила да им даде постојан азил на барателите. Спротивно, Британците ги депортирале Русите кои се бореле на германската странда на СССР.
Сообраќај Уреди
Во Шеленберг постои мал патен граничен премин до Австрија, на кој се наоѓаат австриски и швајцарски погранични полицајци.
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ (германски) 2008 Статистика за Лихтенштајн
- ↑ Schellenberg TravelGuide on Virtual Tourist.com
Надворешни врски Уреди
- Шеленберг на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Историја на Шеленберг PDF (548 KiB) (германски)