Иса Каборе (роден на 12 мај 2001, во Бобо Диуласо) — е фудбалер од Буркина Фасо, играч од одбраната на Лутон Таун, на заем од Манчестер Сити и на репрезентацијата на Буркина Фасо.

Иса Каборе
Лични податоци
Полно име Иса Каборе[1]
Роден на 12 мај 2001(2001-05-12)(22 г.)
Роден во Бобо Диуласо, Буркина Фасо
Држава Буркина Фасо Буркина Фасо
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Лутон Таун Лутон Таун
Број 12
Младинска кариера
Рахимо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2020 Мехелен Мехелен 5 (0)
2020– Манчестер Сити Манчестер Сити 0 (0)
2020-2021Мехелен Мехелен 27 (0)
2021–2022Троа Троа 31 (0)
2022–2023Марсеј Олимпик Марсеј 22 (1)
2023–Лутон Таун Лутон Таун 15 (0)
Репрезентација
2019- Буркина Фасо Буркина Фасо 30 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Израснат во младинските категории на Рахимо, на 28 август 2019 година, Каборе потпишал професионален договор со белгискиот прволигаш Мехелен.[2] На 29 јули 2020 година, Каборе потпишал за англискиот клуб Манчестер Сити, но останал во Мехелен на позајмица за сезоната 2020-2021,[3] каде одиграл 27 натпревари во белгиското првенство

Во јули 2021 година, тој се приклучил на Троа на позајмица за сезоната 2021-2022,[4] а по завршувањето на оваа позајмица тој се вратил во Франција на нова, овојпат во редовите на Олимпик Марсеј во август 2022.[5] На 29 октомври 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Лига 1 во ремито 2–2 на гости против Стразбур.[6]

На 21 јули 2023 година, Каборе му се приклучил на Лутон Таун, новопромовираниот член на Премиер лигата, на позајмица од една сезона.[7]

Репрезентативна кариера уреди

Своето деби за репрезентацијата на Буркина Фасо, Каборе го имал на 9 јуни 2019 година, играјќи во пријателскиот натпревар против ДР Конго кој завршил 0-0.[8] Својот прв гол за својата земја го постигнал на 8 август 2021, во победата со 4-0 над Џибути во квалификациите за Светското првенство 2022.[9]

Во јануари 2022 година, тој бил повикан да ја претставува својата земја на Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун. Иако не постигнал ниту еден гол на турнирот, Каборе одиграл клучна улога во пласманот на Буркина Фасо до последните четири екипи со неговите напаѓачки и дефанзивни придонеси. Тој имал три асистенции на патот на неговата земја до полуфиналето, каде што загубиле со 3–1 од подоцнежниот шампион Сенегал и на крајот бил избран за "Најдобар млад играч на турнирот".

Две години подоцна, тој бил повикан за Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска. Во вториот натпревар од групата против Алжир што завршил нерешено 2-2, Каборе изборил пенал за вториот гол на Буркина Фасо, кој го реализирал Бертран Траоре.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Буркина Фасо
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-6-2019 Марбеља ДР Конго   0 – 0   Буркина Фасо Пријателска -   79'
4-9-2019 Маракеш Либија   0 – 1   Буркина Фасо Пријателска -
9-10-2020 Ел Жадида Буркина Фасо   3 – 0   ДР Конго Пријателска -
12-10-2020 Ел Жадида Буркина Фасо   2 – 1   Мадагаскар Пријателска -
12-11-2020 Уагадугу Буркина Фасо   3 – 1   Малави Квал. за АФКОН 2021 -   57'
16-11-2020 Блантајер Малави   0 – 0   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2021 -
24-3-2021 Кампала Уганда   0 – 0   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2021 -
29-3-2021 Уагадугу Буркина Фасо   1 – 0   Јужен Судан Квал. за АФКОН 2021 -
5-6-2021 Абиџан Брег на Слоновата Коска   2 – 1   Буркина Фасо Пријателска -
12-6-2021 Рабат Мароко   1 – 0   Буркина Фасо Пријателска -   46'
2-9-2021 Маракеш Нигер   0 – 2   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2022 -
7-9-2021 Маракеш Буркина Фасо   1 – 1   Алжир Квал. за АФКОН 2022 -
8-10-2021 Маракеш Џибути   0 – 4   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2022 1   90+1'
11-10-2021 Маракеш Буркина Фасо   2 – 0   Џибути Квал. за АФКОН 2022 -
12-11-2021 Маракеш Буркина Фасо   1 – 1   Нигер Квал. за АФКОН 2022 -
16-11-2021 Блида Алжир   2 – 2   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2022 -
30-12-2021 Абу Даби Мавританија   0 – 0   Буркина Фасо Пријателска -   70'
2-1-2022 Дубаи Буркина Фасо   3 – 0   Габон Пријателска 1
9-1-2022 Јаунде Камерун   2 – 1   Буркина Фасо АФКОН 2021 - Прва фаза -
13-1-2022 Јаунде Зелен ’Рт   0 – 1   Буркина Фасо АФКОН 2021 - Прва фаза -
17-1-2022 Бафусам Буркина Фасо   1 – 1   Етиопија АФКОН 2021 - Прва фаза -
23-1-2022 Лимбе Буркина Фасо   1 – 1 прод.
(8 – 7 пен.)
  Габон АФКОН 2021 - Осминафинале -   70'
29-1-2022 Гаруа Буркина Фасо   1 – 0   Тунис АФКОН 2021 - Четвртфинале -
2-2-2022 Јаунде Буркина Фасо   1 – 3   Сенегал АФКОН 2021 - Полуфинале -
6-2-2022 Јаунде Буркина Фасо   3 – 3 прод.
(3 – 5 пен.)
  Камерун АФКОН 2021 - натп. за 3. место -
3-6-2022 Маракеш Буркина Фасо   2 – 0   Зелен ’Рт Квал. за АФКОН 2023 -   88'
7-6-2022 Јоханесбург Есватини   1 – 3   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2023 -   38'   81'
23-9-2022 Казабланка Буркина Фасо   1 – 0   ДР Конго Пријателска -
27-9-2022 Маракеш Буркина Фасо   2 – 1   Комори Пријателска -
19-11-2022 Маракеш Буркина Фасо   2 – 1   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
24-3-2023 Маракеш Буркина Фасо   1 – 0   Того Квал. за АФКОН 2023 -
28-3-2023 Ломе Того   1 – 1   Буркина Фасо Квал. за АФКОН 2023 -   77'
8-9-2023 Маракеш Буркина Фасо   0 – 0   Есватини Квал. за АФКОН 2023 -
13-10-2023 Малабо Екваторска Гвинеја   0 – 0   Буркина Фасо Пријателска -   62'
17-11-2023 Казабланка Мавританија   1 – 2   Гвинеја-Бисао Пријателска -   58'
17-11-2023 Маракеш Буркина Фасо   1 – 1   Гвинеја-Бисао Квал. за СП 2026 -   45+1'
16-1-2024 Буаке Буркина Фасо   1 – 0   Мавританија АФКОН 2023 - Прва фаза -
20-1-2024 Буаке Алжир   2 – 2   Буркина Фасо АФКОН 2023 - Прва фаза -
23-1-2024 Јамусукро Ангола   2 – 0   Буркина Фасо АФКОН 2023 - Прва фаза -
Вкупно Настапи 39 Голови 2

Клупска кариера уреди

Статистиката е ажурирана на 25 јуни 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-2020   Мехелен ПЛ 5 0 КБ 0 0 - - - - - - 5 0
2020-2021 ПЛ 23+4 0 КБ 2 0 - - - - - - 29 0
Вкупно Мехелен 28+4 0 2 0 - - - - 34 0
2021-2022   Троа Л1 31 0 КФ 1 0 - - - - - - 32 0
2022-2023   Олимпик Марсеј Л1 22 1 КФ 3 0 ЛШ 4 0 - - - 29 1
2023-2024   Лутон Таун ПЛ 15 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - 17 0
Вкупно во кариерата 100 1 8 0 4 0 - - 112 1

Наводи уреди

  1. „2023/24 Premier League squad lists“. Premier League. 13 September 2023. Посетено на 15 September 2023.
  2. „Transfer: Issa Kabore tekent bij KVM“. 28 August 2019. Архивирано од изворникот на 9 January 2022. Посетено на 6 September 2019.
  3. „ISSA KABORÉ SIGNS WITH MANCHESTER CITY (BUT STILL REMAINS WITH KVM)“ (холандски). Mechelen. 29 July 2020. Архивирано од изворникот на 11 January 2022. Посетено на 29 July 2020.
  4. „Issa Kaboré rejoint l'ESTAC!“. ES Troyes AC (француски). 2 July 2021.
  5. „Entretien avec Issa Kaboré“. Olympique de Marseille (француски). 18 August 2022.
  6. „Gameiro denies Marseille“. Ligue 1. 29 October 2022.
  7. „Luton sign Man City defender Kaboure on loan“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-07-21.
  8. Strack-Zimmermann, Benjamin. „DR Congo vs. Burkina Faso (0:0)“. www.national-football-teams.com.
  9. Strack-Zimmermann, Benjamin. „Djibouti vs. Burkina Faso“. www.national-football-teams.com (англиски). Посетено на 2023-07-21.

Надворешни врски уреди