Индиски орев
Индиски орев (латински: Anacardium occidentale) потекнува од Јужна Америка, поточно од крајбрежните области на североисточен Бразил. Индискиот орев бил донесен во Индија од страна на Португалците, и денес Индија е најголем производител. Семките од индиски ореви имаат облик на бубрег со големина до 3 см и растат на овошје познато како кешу јаболко или индиско јаболко.[1][2] Секое овошје има едно семе закачено на долната страна. Плодот кешу јаболкото е во облик на круша и долг е 7 до 15 цм. Плодовите можат да бидат покриени со жолта или црвеникава лушпа (во зависност од сортата) под која има овошна пулпа од која се прави сок, богат со витамин Ц. Плодовите на кешу јаболката имаат пет пати повеќе витамин Ц од портокалите. Богат е со витамин Ц и К, фолна киселина, магнезиум, калциум, цинк, селен, фосфор, бакар, антиоксиданси и мононезаситени масти.[3][4]
Индиски орев | |
---|---|
Ripe fruit and attached drupe, which contains the edible seed | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Anacardium |
Вид: | Индиски орев |
Научен назив | |
Anacardium occidentale L. |
Употреба во исхрана
уредиИндиските ореви може да се јадат сирови, печени или пржени со путер и сол. Имаат сладок вкус и мирис, може да се користат како ужина во исхраната или како додаток и зачин на разни јадења (пилешко со индиски ореви, путер од јаткасти плодови, салати, кашички, колачи, сладолед и сл.).
Здравствени придобивки
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 553 kcal (2,310 kJ) |
30,19 g | |
Скроб | 23,49 g |
Шеќери | 5,91 g 0.00 g |
Влакна | 3,3 g |
43.85 g | |
Заситени | 7,783 g |
Мононезаситени | 23,797 g |
Полинезаситени | 7.845 g |
18,22 g | |
Витамини | |
Витамин А | 0 МЕ |
Тиамин (Б1) | (37 %) 0,423 мг |
Рибофлавин (Б2) | (5 %) 0,058 мг |
Ниацин (Б3) | (7 %) 1,062 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (17 %) 0,86 мг |
Витамин Б6 | (32 %) 0,417 мг |
Фолна кис. (Б9) | (6 %) 25 μг |
Витамин Б12 | (0 %) 0 μг |
Витамин Ц | (1 %) 0,5 мг |
Витамин Д | (0 %) 0 μг |
Витамин Е | (6 %) 0,90 мг |
Витамин К | (32 %) 34,1 мг |
Минерали | |
Калциум | (4 %) 37 мг |
Бакар | (110 %) 2,2 мг |
Железо | (51 %) 6,68 мг |
Магнезиум | (82 %) 292 мг |
Манган | (79 %) 1,66 мг |
Фосфор | (85 %) 593 мг |
Калиум | (14 %) 660 мг |
Селен | (28 %) 19,9 μг |
Цинк | (61 %) 5,78 мг |
Други состојки | |
Вода | 5,20 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
- Добар е за срце. Благодарение на големите количини на незаситени масни киселини и олеинска киселина, индиските ореви се добри за срцето и за целиот васкуларен систем. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на триглицериди, кои се една од главните причини за срцеви заболувања.
- Го намалува ризикот од дијабетес. Мононезаситените масти во индиските ореви влијаат на дијабетичарите така што го намалуваат нивото на триглицериди и со тоа го намалуваат ризикот од шеќер и холестерол.
- Го намалува холестеролот. Индискиот орев содржи 0% холестерол. Иако содржи многу масти, важно е да се знае дека тоа се главно мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот (LDL) холестерол и го зголемуваат добриот (HDL) холестерол.
- Дејствуваат во превенција на камења во жолчката. Истражувањата покажале дека една рака индиски ореви на ден е доволна за да се спречи формирање на жолчни камења.
- Помага при слабеење. Индиските ореви се препорачуваат како ужина во различни диети, овие јаткасти плодови содржат многу диетални влакна и обезбедуваат чувство на ситост и задоволство, што е многу важно за мотивацијата на луѓето кои се обидуваат да ослабат. Важно е да ги јадете умерено бидејќи содржат многу калории. Она што е важно е да содржат добри масти и минимални количини шеќер. Исто така, пржените солени индиски ореви може да доведат до висок крвен притисок.
- Го одржува здравјето на забите. Индиските ореви ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес и болести на непцата, па затоа е идеален за нега на забите, но и за одржување на целокупното здравје на устата.
- Делува како афродизијак. Индиските ореви го подобруваат протокот на крв во телото и на тој начин им помагаат на мажите кои имаат проблеми со ерекцијата. Овој орев го отстранува стресот и нервозата, ги опушта нервите и ја зголемува сексуалната желба. Од античките времиња се користи за зголемување на потенцијата.
- Спречува анемија. Индиските ореви се одличен извор на железо, кое е од витално значење за пренесување на кислород низ телото и помагање на ензимите и на имунолошкиот систем да работат. Недостатокот на железо може да доведе до атрофија на телото, анемија, како и зголемена подложност на инфекции и разни болести.
- Поддржува полесно варење. Како добар извор на диетални влакна, помага храната полесно да се вари. Сепак, прекумерното консумирање на оваа храна може да предизвика надуеност и проблеми со гасовите, па затоа треба да се внимава да не се претера со оваа прилично вкусна храна.
- Го подобрува видот. Конзумирањето индиски ореви е корисно за здравјето на очите, бидејќи содржи мали количини на зеа-ксантин, важен антиоксиданс, кој селективно се апсорбира од мрежницата на окото. Ова им дава заштита на нашите очи со филтрирање на УВ зраците и ги спречува дегенеративните промени во окото поврзани со возраста.
- Се спротивставува на клетките на ракот. Индискиот орев содржи еден вид флавоноид наречен проантоцијанидин, соединение кое е богато со бакар. Една порција индиски ореви обезбедува 37,5 отсто од препорачаниот дневен внес на бакар, кој помага во борбата против канцерогените клетки. Едноставно ги „изгладнува“ клетките на туморот, бидејќи не им ја дава потребната храна за нивниот развој.
Токсичност
уредиНекои луѓе се алергични на индиските ореви, но тие се поретко алерген од јаткастите плодови или кикиритките.[5] За до 6% од децата и 3% од возрасните, консумирањето индиски ореви може да предизвика алергиски реакции, кои се движат од благи непријатности до опасна по живот анафилакса.[6][7][8][9]
Наводи
уреди- ↑ Morton, Julia F. (1987). Cashew apple, Anacardium occidentale L. Fruits of warm climates. Center for New Crops and Plant Products, Department of Horticulture and Landscape Architecture, Purdue University, W. Lafayette, IN. стр. 239–240. ISBN 978-0-9610184-1-2. Архивирано од изворникот на 15 March 2007. Посетено на 18 March 2007.
- ↑ „Anacardium occidentale (cashew nut)“. CABI. 20 November 2019. Посетено на 8 May 2021.
- ↑ James A Duke (1983). „Anacardium occidentale L.“. Handbook of Energy Crops. (unpublished); In: NewCROP, New Crop Resource Online Program, Center for New Crops and Plant Products, Purdue University. Посетено на 10 December 2019.
- ↑ „Cashew - allergy information (InformAll: Communicating about Food Allergies - University of Manchester)“. research.bmh.manchester.ac.uk. Посетено на 2022-09-14.
- ↑ Rosen, T.; Fordice, D. B. (April 1994). „Cashew Nut Dermatitis“. Southern Medical Journal. 87 (4): 543–546. doi:10.1097/00007611-199404000-00026. PMID 8153790.
- ↑ Weinberger, Tamar; Sicherer, Scott (2018). „Current perspectives on tree nut allergy: a review“. Journal of Asthma and Allergy. 11: 41–51. doi:10.2147/jaa.s141636. ISSN 1178-6965. PMC 5875412. PMID 29618933.
- ↑ McWilliam V.; Koplin J.; Lodge C.; Tang M.; Dharmage S.; Allen K. (2015). „The prevalence of tree nut allergy: a systematic review“. Current Allergy and Asthma Reports. 15 (9): 555. doi:10.1007/s11882-015-0555-8. PMID 26233427.
- ↑ „Cashew Allergies“. Informall Database – funded by European Union. 2010. Архивирано од изворникот на 29 October 2010.
- ↑ „Food allergies“ (PDF). World Health Organization, International Food Safety Authorities Network. 2006.