Индиски Потконтинент
Индиски Потконтинент (или Јужноазиски Потконтинент) — регион во Азија сместен на Индиската Плоча од Хиндукуш (Хималаи) и ги опфаќа венците Кунлун и Каракорум, образувајќи копнена површина што се протега сè до Индискиот Океан. Напати се користи како синоним за јужна Азија.
Површина | 4,4 милиони км2 |
---|---|
Население | ~1,6 милијарди |
Опфат
уредиШто сè влегува во Индискиот Потконтинент не е строго утврдено. Историски, ова е територијата на Голема Индија, која денес ги опфаќа земјите Индија, Пакистан и Бангладеш; пред 1947 биле дел од британска Индија. Во оваа дефиниција спаѓаат и Непал, Бутан и островската земја Шри Ланка, а понекогаш и Авганистан и Малдивите.
Регионот може да ја опфаќа и спорната територија Аксај Чин (дел од некогашното вазално кнежевство Џаму и Кашмир), денес во состав на кинескиот автономен регион Сјинџанг.[1] Кога се користи поимот „индиски потконтинент“ подразбирајќи ја јужна Азија, понекогаш се изземаат Шри Ланка и Малдивите како острови, а се вбројуваат Тибет и Непал[2] (или и тие се изземаат[3] intermittently, зависно од контекстот).
Географија
уредиГеографски, Индискиот Потконтинент е полуостровски регион во јужна и средна азија, во облик на баклава ограничена со Хималаите на север, Хиндукуш на запад и Чинските Ридови (Аракански Планини) на исток, а на се протега до Индискиот Океан, до граничното подрачје со Арапското Море на југозапад и Бенгалскиот Залив на југоисток. Сметајќи ги сите седум земји, потконтинентот зафаќа површина од 4,4 милиони км2, што претставува 10% од површината на Азија и 2,4% од целиот свет. На него живеат 34% од населението на Азија (16,5% од светското население) со најразлични народи и култури.
Геологија
уредиНајголемиот дел од регионот лежи на своја тектонска плоча наречена Индиска Плоча и е одделен од останатиот дел од Азија со планини.[4][5] Пред 250 милиони години Индискиот Потконтинент бил составен дел од суперконтинентот Пангеја. Во периодот Креда (пред 90 милиони години) се одделил од Гондвана, а потоа се поместил на север, судирајќи се со Евроазиската Плоча и така создавајќи ги Хималаите и Тибетската Висорамнина. Потконтинеотот продолжува да се движи кон севрозапад по 5 см годишно, со што Хималаите постепено растат во височина.
Поврзано
уреди„Флора на Индискиот Потконтинент“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Dale Hoiberg and Indu Ramchandani, Students' Britannica India (том 1), стр. 45, Popular Prakashan, 2000, ISBN 9780852297605
- ↑ Harle, James C. (1994). The art and architecture of the Indian subcontinent. Yale University Press. стр. 214. ISBN 0300062176.
- ↑ Hackin, Joseph; Couchoud, Paul Louis (1996). The Mythologies of the East: Indian Subcontinent, Middle East, Nepal and Tibet, Indo-China and Java. Aryan Books International. стр. 1. ISBN 817305018X.
- ↑ Азија > Геологија и географија. The Columbia Electronic Encyclopedia, VI изд. Columbia University Press, 2003
- ↑ Азија > Геолошка историја - Тектонски рамки. Encyclopædia Britannica 2009