Индекс на човековиот развој

(Пренасочено од Индекс за човеков равој)

Индексот на човековиот развој (ИЧР) е показател кој се пресметува преку нормализирани вредности на очекуваниот животен век, писменоста, образованието и БДП по глава на жител за населението во една земја. Тоа е стандарден начин за пресметување на човековиот развој во една земја, концепт кој според Програмата за развој на Обединетите нации треба да ги прошири опциите на луѓето и да им даде поголеми можности за образование, здравствена заштита, приходи, вработување, итн. Основен начин на употреба на ИЧР е да ги рангира земјите според тоа дали се развиени, во развој или неразвиени.

Светска карта за индексот (заснован на податоци од 2019 г., објавен во 2020 г.).
  0.800–1.000 (многу висок)
  0.700–0.799 (висок)
  0.550–0.699 (среден)
  0.350–0.549 (низок)
  нема податоци

ИЧР бил развиен во 1990 од пакистанскиот економист Махбуб ул Хак и Ричард Џоли од универзитетот Јејл од САД, со помош на Густав Ранис и Мегнад Десаи. Од 1990 се употребува од Обединетите Нации во нивниот годишен извештај за човеков развој.

ИЧР комбинира три фактори:

  • Очекуван животен век при раѓањето, како показател на здравјето и долговечноста на популацијата,
  • Знаење и образование, мерено преку писменоста на возрасните (како 2/3 од тежината) и вкупното запишување во примарно, секундарно и терцијарно образование (како 1/3 од тежината),
  • Животниот стандард, изразен преку природен логаритам од бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител во УСД.

Вредноста на ИЧР може да се движи од 0 до 1. Вредности под 0,5 се смета дека претставуваат низок степен на развој на земјата. Сите земји со ИЧР под 0,5 се во Африка. ИЧР од 0,8 и повеќе се сметаат за развиени. Ова ги вклучува сите развиени земји од Северна Америка, Западна Европа, Источна Азија, како и некои земји во развој од Источна Европа. Седум земји, меѓу кои и Македонија, од 2007. година преминале во оваа група.

Со Извештајот за човековиот развој од 2010 година е воведен Индекс на човековиот развој прилагоден за нееднаквоста (ИЧРН). Иако основниот ИЧР останува корисен, беше посочено дека „ИЧРН е фактичкото ниво на човеков развој (земајќи ја предвид нееднаквоста), додека ИЧР може да се смета за индекс на 'потенцијалниот' човеков развој (или на максималниот ИЧРН) што би можел да се постигне ако нема нееднаквост.“[1]

Список на земјите според ИЧР

уреди

Во продолжение се дадени првите 30 земји во светот како што се рангираат според ИЧР во извештајот на ОН за 2007/2008:

  1.   Исланд 0,968 ()
  2.   Норвешка 0,968 ()
  3.   Австралија 0,962 ()
  4.   Канада 0,961 ( 2)
  5.   Ирска 0,959 ( 1)
  6.   Шведска 0,956 ( 1)
  7.   Швајцарија 0,955 ( 2)
  8.   Јапонија 0,953 ( 1)
  9.   Холандија 0,953 ( 1)
  10.   Франција 0,952 ( 6)

  1.   Финска 0,952 ()
  2.   САД 0,951 ( 4)
  3.   Шпанија 0,949 ( 6)
  4.   Данска 0,949 ( 1)
  5.   Австрија 0,948 ( 1)
  6.   Белгија 0,946 ( 4)
  7.   Обединето Кралство 0,946 ( 1)
  8.   Луксембург 0,944 ( 6)
  9.   Нов Зеланд 0,943 ( 1)
  10.   Италија 0,941 ( 3)

  1.   Хонгконг 0,937 ( 1)
  2.   Германија 0,935 ( 1)
  3.   Израел 0,932 ()
  4.   Грција 0,926 ()
  5.   Сингапур 0,922 ()
  6.   Јужна Кореја 0,921 ()
  7.   Словенија 0,917 ()
  8.   Кипар 0,903 ( 1)
  9.   Португалија 0,897 ( 1)
  10.   Брунеј 0,894 ( 4)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди