Илија Велев
Илија Велев — македонски поет, раскажувач, научен работник[1].
Илија Велев | |
---|---|
Роден/а | 7 март 1959 Добрејци, Македонија |
Занимање | Писател |
Животопис
уредиИлија Велев е роден во с. Добрејци, Струмичко на 7 март 1959 година[1]. Завршил Филолошки факултет во Скопје[1]. Доктор по филолошки науки. Работи во Институтот за македонска книжевност во Скопје како редовен професор по предметите Византиска култура, Кирилометодиевистика и културно наследство, но и како научен советник во Одделението за средновековна македонска книжевност.[2] Во 2006 година беше добитник на наградата Гоце Делчев за книгата „Византиско-македонски книжевни врски„ (Скопје 2005). Член на ДПМ од 1990 година. Беше еден од иницијаторите и државен програмски координатор на 2008 - Година на македонскиот јазик, проект на Владата на Република Македонија. Член во два мандата на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и член на управата. Актуелен член на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија. Престојувал на студиски престои во повеќе универзитетски и научни центри, каде што држел и стручни предавања.
Објавени книги
уреди- Далечина (поезија, 1980)[1]
- Одлагање на говорот (поезија, 1988)[1]
- Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија (монографија, 1990)[1]
- Бисеро моме, Бисеро (избор од македонска љубовна поезија од преродбата до 1945 година, 1900)[1]
- Македонска средновековна книжевност, соавторство (монографија, 1991)[1]
- Македонскиот книжевен 14. век (монографија, 1996)[1]
- Култот на Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција (монографија, 1996)[1]
- Лесновскиот книжевен центар (монографија, 1997)[1]
- Скрипторски центри во средновековна Македонија, соавторство (монографија, 1997)[1]
- Кирило-Методиевската традиција и континуитет (студии, 1997)[1]
- Мораме да крвариме (раскази, 1999)[1]
- Кога морето се изговори без брегот (критики, 2000)[1]
- Средновековни книжевни антологии (монографија, 2000),[1]
- Проникнување на традицијата и континуитетот (студии), 2001)
- Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар (монографија, 2001)
- Творци на македонската книжевност IX-XVIII век (соавторство, монографија, 2004)
- Лесновски ковачевиќев пролог (монографија, 2004)
- Византиско-македонски книжевни врски (монографија, 2005)
- Низ преминот на традицијата (студии, 2006)
- Искушение пред бескрајот (поезија, 2008)
- Македонскиот јазик во глобалниот свет (соавторство, студии, 2008)
- Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо (соавторство, монографија, 2008)
- Македонска книжевност IX-XVIII век (монографија, 2008)
- Во почетокот беше словото (студии, 2009).
- Beseda protiv bogomilite na Prezviter Kozma, izd. Makedonska rec, Skopje2011.
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |