Игнацио Абате

италијански фудбалер

Игнацио Абате (роден на 12 ноември 1986) — италијански фудбалер кој игра на позиција одбрана. Најголем дел од својата кариера ја поминал во ФК Милан. Во својата почетна кариера настапувал како крилен играч. Абате е познат по својата издржливост, брзи спринтови и способност за напад по десната страна од теренот[1][2].

Игнацио Абате
Лични податоци
Полно име Игнацио Абате
Роден на 12 ноември 1986(1986-11-12)(38 г.)
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан Милан
Број 20
Младинска кариера
Rescaldina
1999–2004 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Милан Милан 0 (0)
2004–2005Наполи Наполи (п) 32 (2)
2005Сампдорија Сампдорија (п) 0 (0)
2005–2006Пјаченца Пјаченца (п) 13 (0)
2006–2007Модена Модена (п) 38 (1)
2007–2008 Емполи Емполи 24 (1)
2008–2009 Торино Торино 25 (1)
2009–2019 Милан Милан 243 (3)
Репрезентација
2004 Италија U-18 3 (0)
2005 Италија U-19 2 (1)
2005–2006 Италија U-20 6 (0)
2006–2009 Италија U-21 10 (1)
2008 Олимписки игри 8 (1)
2011– Италија 22 (1)
* Ажурирано на: 26 мај 2019
** Ажурирано на: 31 март 2015

Абате започнал да игра фудбал со аматерскиот клуб Рескалдина, пред да се приклучи на младинскиот клуб на Милан во 1999 година. Од 2004 до 2009 година поминал пет години во различни клубови под наем, пред да се врати во Милано. Тој имал важна улога во помагањето на Милан да го освои своето 18-то Скуде за време на сезоната 2010-11.

Абате бил во составот на Италија до 21 година, а има одиграно и 22 натпревари за сениорскиот тим на Италија.

Наводи

уреди
  1. Vincenzo Vasta (5 May 2010). „Abate: velocità al servizio del gruppo“ [Abate: speed at the group's service] (италијански). Milan News. Посетено на 10 August 2015.
  2. Luca Persico (2 June 2014). „Italy's World Cup 23“. Football Italia. Посетено на 2 February 2017.