Иван Аврамов Чупаров (1880, Папрадиште, Велешко18 јуни 1913, Велес) — македонски свештеник и револуционер, деец на ВМОРО за време на првата српска окупација на Македонија во 1913 година. Поради неговото неуморно учество во борба против српската пропаганда е фатен од српските власти и по тешки мачења го сечат на парчиња, за потоа да ги фрлаат неговите останки во Вардар.[1]

'
Роден 1880
Папрадиште, Велешко  Османлиско Царство
Починал 18 јуни 1913(1913-06-18) (возр. 33)
Велес,  Србија

Животопис

уреди

Фамилија, Свештенство и борец против српската пропаганда во Македонија

уреди

Иван Аврамов Чупаров е роден во 1880 година во азотското село Папрадиште, тогаш под Османлиско Царство. Отец Чупаров потекнува од големиот род Чупарови, кои во минатото создаде многу неуморно борци за македонското револуционерно движење. Неговите браќа се револуционерите Петар и Ангелко Чупаров, видни дејци на ВМОРО. Во роднински врски е и со еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, Димитрија Чуповски. Станува свештеник на велешкото село Папрадиште и се вклучува во редовите на ВМОРО. Дејствува активно против српската пропаганда во Велешко и Азот. Имало повеќе обиди и закани тој да прифати да се стави во служба на српските интереси, но попусти беа ветувањата на пропагандата за моралните и материјалните бенефици. Добива заплашувачки писма и закани од србоманскиот војвода Глигор Соколовиќ. Неколкупати Глигор Соколовиќ му ја опколуваше куќата за да го фати, сепак поп Иван бегаше од селото. По неколку заседи, најпосле во пролетта 1905 година, Глигор Соколовиќ ненадејно ја опколува куќата на поп Иван, го фаќа и го носи во селото Мокрени, а потоа во село Габровник. По заповед на Глигор четниците копаат дупка во која го ставаат поп Иван и го затрупуваат така да само главата на свештеникот била слободна. Заробен во земјата поп Иван трпи страшни маки, но одбива да стане агент на пропагандата.[2] Покрај мачењата, Поп Иван одговорил дека:

во Белград може да ги испратат само неговите коски за да покажат дека е вистински Србин.[3]

Тоа тешко го погодува Глигор кој наредува да го убијат. Меѓутоа на инсистирање на србоманите од Богомила, кои од една страна стравуваат од одмазда на Мијаците од Папрадиште и Ореше, а од друга страна и од четата на Организацијата, Глигор конечно го ослободува поп Иван под услов тој да остане пасивен гледач и да не учествува во какви било организациски работи. По враќањето во Папрадиште, поп Иван почнува да спие со „пушка во рака“ и потоа заедно со велешкиот војвода Стефан Димитров, Арсо Локвички и Нежиловскиот раководител Ѓуро станува постојан сопатник на велешката чета, секогаш подготвен да учествува во нејзините акции. Кога Стефан Димитров и Иван Наумов Алабакот влегуваат во конфликт, Отец Чупаров застанува на страната на Стефан Димитров. После смртта на Димитров, Отец Чупаров го подкрепува новиот рајонски војвода Пењу Шиваров, но се спријателува и со Иван Наумов Алабакот.[4] Постојаните закани упатени до него од луѓето на пропагандата не го уплашија, а неговата цврстина и решителност му даваа голем кураж на Мијаците од Ореше и Папрадиште.

На 16 јуни 1913 година, денот кога Бугарија и Србија ја започнуваат Втората балканска војна, српските окупаторски власти во Велес го заробуваат Иван Чупаров. После долги и тешки измачувања, на 18 јуни 1913 година бил исечен на парчиња и фрлен во реката Вардар. Граѓаните на Велес отпосле ги наоѓаат неговите останки во Вардар и ги погребуваат.[5][6][7]

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. „Мијаците од Папрадишка колонија не подлегнаа на српското злато“. mn.mk. 25 февруари 2015.
  2. „Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх“. bigorski.org.mk. 8 ноември 2016.
  3. „Како монасите од Бигорски ја расветлија вистината за смртта на свештеникот Овентиј Фрчковски?“. religija.mk. 19 ноември 2016.
  4. Аврамовъ, Стефанъ, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, МНИ, София 1929 г., стр.63-64
  5. Аврамовъ, Стефанъ, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, МНИ, София 1929 г., стр.190
  6. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 274.
  7. Македония. История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г., Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 35.