Иван Ингилизов (роден на 20 јули 1882 година во Пехчево - починал на 29 декември 1944 година во Ајдарово, Горноџумајско) — македонски револуционер, член на ВМОРО и учесник во Илинденското востание.[1]

Иван Ингилизов
Роден 20 јули 1882
Пехчево, Отоманско Царство
Починал 29 декември 1944
Ајдарово, Горноџумајско, Пиринска Македонија
Националност Македонец
Занимање револуционер

Животопис

уреди

Завршил педагошко училиште во Скопје, учел историја и филозофија на универзитетите во Софија и Загреб. Бил учител во Струмица, Горна Џумаја, Скопје и Пехчево. Во Илинденското востание предводел чета во Струмичко, Радовишко и во Малешевско. По Првата светска војна бил пратеник во Бугарското народно собрание. По 9 септември 1944 г. бил уапсен и убиен заедно со други припадници на ВМРО.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ингилизов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 617. Text "series " ignored (help)