Ивана Туфегџиќ

македонски политичар
(Пренасочено од Ивана Туфекџиќ)

Ивана Туфегџиќ (11 февруари 1993, Скопје) — македонски политичар и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Средно училиште завршила во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје, а дипломирала политички науки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1] На парламентарните избори во 2016 Туфегџиќ станала пратеник како кандидат на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.[2]

Ивана Туфегџиќ
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
30 декември 2016 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 11 февруари 1993(1993-02-11)(31 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Установа Правен факултет „Јустинијан I“
Занимање политиколог

Туфегџиќ претходно била еден од претставниците на Студентскиот пленум во преговорите со министерството за образование за изготвување нов закон за високо образование, како и дел од протестите против законот за воведување државен испит на факултетите.[3] Како граѓански активист учествувала во низата протести на „Шарената револуција“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.[4]

Наводи

уреди
  1. „Биографија на Ивана Туфегџиќ“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2017-02-10.
  2. „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
  3. „Аргументите на студентите ја победија Владата“. Дојче Веле. 2015-02-15. Посетено на 2017-02-10.
  4. „Шарената револуција ја одбележа годината“. Телма. 2016-12-31. Посетено на 2017-02-10.

Надворешни врски

уреди