Ибигау-Варенбрик
град во Германија
Ибигау-Варенбрик (германски: Uebigau-Wahrenbrück) — град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Шварце Елстер, 11 километри северозападно од Бад Либенверда и 21 километар источно од Торгау.
Ибигау-Варенбрик | |
Плоштадот во Ибигау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Елба-Елстер |
Градоначалник | Андреас Клаус |
Основни податоци | |
Површина | 134,91 км2 |
Надм. височина | 84 м |
Население | 5.159 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 38 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EE |
Пошт. бр. | 04924, 04938 |
Повик. бр. | 035365 |
Портал | www.uebigau-wahrenbrueck.de |
Местоположба на градот Ибигау-Варенбрик во рамките на округот Елба-Елстер | |
Координати | 51°33′N 13°21′E / 51.550° СГШ; 13.350° ИГД |
Градот е составен од селата Бансдорф, Бајерсдорф, Бојтерзиц, Бомсдорф, Бениц, Домсдорф, Драздо, Кауксдорф, Лангенаундорф, Марксдорф, Минхен/Елстер, Нојдек, Престевиц, Ротштајн, Заксдорф, Ибигау (општинско седиште), Варенбрик, Видерау, Вилдгрубе, Винкел и Цинсдорф.
Личности
уреди- Јохан Готлиб Граун (1702 – 1771) — композитор
- Карл Хајнрих Граун (1704 – 1759) — композитор
- Густав Зејфарт (1796 – 1885) — египтолог
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |