Зуко Џумхур
Зуко Џумхур (24 септември 1920 година - 29 ноември 1989 година) бил истакнат босански писател, сликар и карикатурист. Неговата боемска природа, разновидност на талентот и исклучително креативна личност го направиле единствена фигура на југословенската култура во втората половина на 20 век.[1].
Зуко Џумхур Zuko Džumhur | |
---|---|
Роден/а | Зулфикар Џумхур 24 септември 1920 Коњиц, Кралство Југославија |
Починат/а | 29 ноември 1989 Херцег Нови, СР Црна Гора, СФР Југославија | (возр. 69)
Занимање | Писател, сликар и карикатурист |
Апсолвент на | Универзитет за уметност во Белград |
Период | 1947–1989 |
Значајни дела | Некролог на една чаршија, Ходољубија |
Животопис
уредиТој потекнувалод старо угледно семејство на муслимански свештеник (улема). Неговиот татко бил Абдуселам Даумхур а неговата мајка Васвија е родена како Туфо. Два месеци по неговото раѓање, семејството се преселило во Белград, каде што неговиот татко работел како началник имам на Армијата на Кралството Југославија. Таму заврши основно и средно граматичко училиште, а средно училиште во Сараево 1939. Студирал право во Белград, но продолжил во Ликовната академија, која ја завршил во класата Петар Добровиќ .
Своите први цртежи ги објавил во весникот „Народна армија“ 1947. Оттогаш, тој соработувал како карикатурист и илустратор во Јеж, Борба, „Ветерници“, Политика, Ослобоџее и списанието „Денес“ а во Нин бил постојан соработник и уредник[2]..
Објавил повеќе од 10.000 карикатури. Имал напишано сценарија за неколку кратки и три играни филмови. Напишал 35 текстови за театар, а во последните десет години од својот живот работел на сараевската телевизија како сценарист и водител на серијата „Ходољубија“. Неговите сограѓани го сметале за еден од најголемите боеми во своето време. Тој почина во Херцег Нови а бил погребан во неговиот родн Коњиќ, 29 ноември 1989 година. Добитник е на бројни награди и Орден за братство и единство со златен венец[3].
Објавени книги
уреди- Некролог за една чаршија , Сараево, 1958,
- Писма од Азија , Мостар, 1973,
- Ходољубија , Загреб, 1982,
- Патување со бел брод , Сараево, 1982,
Неговите избрани дела биле постхумно објавени во седум книги, кои вклучуваа нови необјавени ракописи: „Писма од Африка и Европа“, „Стогодишни приказни“ и „Адакале“.
Тој исто така го објави Зелениот чај од Црна Гора, заедно со Момо Капор.