Зоран Младеновски

Зоран Младеновски - Окан (Скопје, 27 декември 1943 - Скопје, 3 април 2012) бил еминентен македонски режисер и продуцент.

Зоран Младеновски - Окан
Роден 27 декември 1943
Скопје , Македонија Македонија
Починал 3 април 2012
Скопје , Македонија Македонија
Занимање режиаер и продуцент

Животопис

уреди

Младеновски е роден на 15 февруари 1951 година во Скопје. Со аматерски филм почнал да се занимава уште во текот на средношколксите денови. Неговиот прв аматерски филм бил „Малиот детектив“, а потоа ги снимил „Студија“, „Овој наки ваш ли е?“, „Нирвана“, „И потоа“ и други. Од 1966 година Младеновски работи како слободен филмски работник. Во 1972 година заминал на едногодишна специјализација во француската кинотека и телевизија во Париз. Повеќе од дваесет години бил дел од екипата на продуцентската куќа „Вардар филм“. Помеѓу неговите најпознати филмски наслови се „Исправи се, Делфина“, „Викенд на мртовци“ и „Збогум на 20 век“ каде работел како помошник на режија. Дел од неговот творештво се и филмовите „Време, води“,„Најдолгиот пат“,„Виновник“,„Светлосиво / Ѓавол во срцето“ и др. Починал во Скопје на 3 април 2012 година.[1]

Филмографија

уреди
  • 1967: Луѓе и фасади (Режија, Снимател)
  • 1971: Жед (Асистент на режија)
  • 1971: Придружници (Асистент на режија)
  • 1972: Истрел (Асистент на режија)
  • 1975: Јад (Асистент на режија)
  • 1976: Amen Siam But Roma (Асистент на режија)
  • 1976: Најдолгиот пат (Асистент на режија)
  • 1977: Исправи се, Делфина (Помошник на режија)
  • 1977: Фаулбал (Режија)
  • 1978: Побрзај, полека (Режија, Сценарио)
  • 1980: Време, води (Асистент на режија)
  • 1980: Оловна бригада (Помошник на режија)
  • 1982: Јужна патека (Помошник на режија)
  • 1982: Опасноста се заканува (Режија, Сценарио)
  • 1983: Виновник (Режија)
  • 1983: Пат за умор (Режија, Сценарио)
  • 1985: Јазол (Асистент на режија)
  • 1985: Опасна баба (Помошник на режија)
  • 1987: Хај-фај (Помошник на режија)
  • 1988: Викенд на мртовци (Помошник на режија)
  • 1989: Нерези (Режија)
  • 1989: Оплакување Христово (Режија)
  • 1989: Успение (Режија)
  • 1993: Светлосиво / Ѓавол во срцето (Асистент на режија)
  • 1997: Преку езерото (Асистент на режија)
  • 1998: Збогум на 20 век (Асистент на режија)
Останати филмови
  • 1985 ПЕЦКО-БЛАБЛАТОРИ, БЛАБЛАТОРИ, соработник, анимиран, Вардар филм
  • 1986 ФИЛМ ОД ХАРТИЈА, организатор, анимиран, Вардар филм
  • 1994 ПРЕД ДОЖДОТ, соработник, игран, Полиграм, Аим Продуkтион, Ное Продуkтион, Вардар филм

Наводи

уреди
  1. „Почина режисерот Зоран Младеновски Окан“. Курир. 3 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 2012-04-03.