Знамиња во Јужна Америка

список на статии на Викимедија

Ова е галерија на знамиња во Јужна Америка. Оваа листа вклучува меѓународно признати држави и зависни самоуправувачки територии.

Јужна Америка.
Јужна Америка.

Независни држави

уреди
знаме држава усвоено на употреба опис
  Аргентина 27.2.1812 официјално државно знаме Три еднакви хоризонтални ленти во светлосина, бела и светлосина боја. Мајско сонце во средината на белата лента.
  Боливија 31.10.1851 официјално државно знаме Три еднакви хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја.
  Бразил 19.11.1889 официјално државно знаме Зелена површина со жолт ромб на кој има син диск со соцвездие и националното гесло.
  Венецуела 12.3.2006 официјално државно знаме Три еднакви хоризонтални ленти во жолта. сина и црвена боја. На синото поле има 8 ѕвезди во бела боја.
  Гвајана 26.5.1966 официјално државно знаме Зелена површина со жолт триаголник со бели граници и црвен триаголник со црни граници.
  Еквадор 26.9.1860 официјално државно знаме Три нееднакви ленти во жолта (најголема), сина и црвена боја (последните две исти) и со националниот грб во средината.
  Колумбија 26.11.1863 официјално државно знаме Три нееднакви ленти во жолта (најголема), сина и црвена боја (последните две исти).
  Парагвај 1842 официјално државно знаме Три еднакви хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја. Во средината е грбот, кој е различен од предната и задната страна.
  Перу 25.2.1825 официјално државно знаме Три еднакви вертикални ленти во црвена, бела и црвена боја.
  Суринам 25.11.1975 официјално државно знаме Пет нееднакви ленти во зелена, бела, црвена, бела и зелена боја. Во средоната има златна ѕвезда.
  Уругвај 11.7.1830 официјално државно знаме Бело знаме со четири сини ленти. Во кантонот има Мајско сонце.
  Чиле 18.10.1817 официјално државно знаме Две хоризонтални ленти во бела и црвена боја, кантонот син со бела ѕвезда.

Зависни територии

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди