Знаме на Вајоминг

Знаме на Вајоминг — службено знаме на американската држава Вајоминг. Во средината на знамето има силуета на американски бизон, додека рабовите на знамето се црвено-бели. Црвената боја ги симболизира Индијанците и американските пионери кои ги дале своите животи, а белата симболизира чистота и правда. На знамето доминира сината боја, која алудира на бојата на небото и далечните планини. Тоа е исто така симбол на верност, праведност и мажественост.


Знаме на Вајоминг
}}
Употреба граѓанско и државно знаме граѓанско и државно знаме граѓанско и државно знаменормална верзија на знаметовексиколошки опис
Сразмер 7:10
Усвоено јануари 31, 1917; пред 107 години (1917-01-31)
Опис Темносино поле обрабено со бело и црвено; во средината се наоѓа бела силуета на американски бизон со државен печат.
Творец Верна Кис

Бизонот кој преовладува на знамето на Вајоминг ја претставува меснаа фауна, додека во средината на неговото тело е грбот на државата Вајоминг, што го симболизира обичајот на жигосување на добитокот.[1]

Во 1916 година, организацијата „Вајоминшките ќерки на американската револуција“ објавила конкурс со кој ја поканува јавноста да учествува во дизајнирањето на знамето на Вајоминг. Понудена е и награда од 20 долари, а организацијата добила 37 предлози. Избран е цртеж на Верна Кис, која малку претходно дипломирала на Институтот за уметност во Чикаго. На 31 јануари 1917 година, гувернерот Роберт Д. Монтено го потпишал Законот за национално знаме, со што службено е прифатен предлогот на Кис.

Грејс Рејмонд Хебард, која предавала на Универзитетот во Вајоминг, предложила промени во дизајнот на државното знаме. Во својот изворен облик, бизонот летал, што требало да ја претставува неговата поранешна слобода кога талкал по рамнините на Вајоминг. Вака конечно беше усвоен изгледот на денешното знаме.

Во 2001 година , Северноамериканското вексилолошко друштво спровело истражување за најдобро дизајнираните знамиња на американските држави и територии и канадските провинции. Знамето на Вајоминг го зазело 23-то место.[2]

Наводи

уреди
  1. A. Znamierowski: "The World Encyclopedia of Flags: The Definitive Guide to International Flags, Banners, Standards and Ensigns", 199. str., Anness Publishing Ltd, 2006.
  2. „Nava.org“. Архивирано од изворникот на 6. lipnja 2011. Посетено на 14. kolovoza 2021.. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)