Златко Николовски

Златко Павлов Николовски (6 септември 1923 во Куклица, Кратовско30 декември 1944 во Ниш, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Златко Николовски
Роден 6 септември, 1923 година
Куклица, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 30 декември, 1944 година
Ниш, Србија
Починал во болницата во Ниш од раните здобиени во борбите кај Гнилане.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Основно четиригодишно училиште завршил во родното место ѝ уште како дете станал овчар, момок и аргат кај поимотните селани за да придонесе за прехрана на неговото сиромашно семејство. За време на окупацијата бил мобилизиран и служел во бугарската фашистичка војска. Во целост ја согледал асимилаторската политика на бугарската окупаторска власт спрема Македонија и македонскиот народ. Во почетокот на август 1944 година дошол на отсуство и веќе не се вратил во единицата, по што живеел илегално во околината на селото. На 8 септември 1944 година пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Во составот на бригадата учествувал во многу борби сè до Прешево, низ постојани борби со балистите стигнал до Гнилане, каде бил тешко ранет. Од таму бил пренесен во болницата во Ниш, каде на 30 декември 1944 година подлегнал на раните.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 45.