Златко Крањчар

(Пренасочено од Златко Кранчар)

Златко Крањчар (хрватски: Zlatko Kranjčar; 15 ноември 1956, Загреб - 1 март 2021, Загреб) — поранешен хрватски фудбалер и тренер.

Златко Крањчар
Zlatko Kranjčar
Лични информации
Положба напад
Клупски информации
Тековен клуб
Црна Гора (manager)
Младинска кариера
1966–1973 Dinamo Zagreb
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
1973–1983 Dinamo Zagreb 261 (98)
1983–1990 Rapid Vienna 201 (106)
1990 VSE St. Pölten 12 (2)
Вкупно 474 (206)
Меѓународна кариера
1977–1983 Yugoslavia 11 (3)
1990 Croatia 2 (1)
Тренерска кариера
1991 SV Wienerfeld
1991–1992 Austria Klagenfurt
1992–1994 Segesta
1994–1996 Croatia Zagreb
1996 FC Linz
1997 Slaven Belupo
1997 Segesta
1997–1998 NK Samobor
1998 Croatia Zagreb
1999–2000 El-Masry
2000 Mura
2000–2001 Marsonia
2001–2002 NK Zagreb
2002–2003 NK Rijeka
2003–2004 NK Zagreb
2004–2006 Croatia
2007 Croatia Sesvete
2007 Al-Shaab Sharjah
2009 Croatia Sesvete
2009 DAC Dunajská Streda
2009 Persepolis[1]
2010– Montenegro
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Животопис

уреди

Крањчар е роден на 15 ноември 1956 година во Загреб, денешна Хрватска. Неговото вистинско презиме е Крајнчар и така се презивал до својата 16. година. Тогаш, при издавањето на личната карта, службеникот направил грешка која не била веднаш воочена и подоцна тој бил запишан во фудбалскиот регистар со презимето Крањчар. Крањчар бил во брак со Елвира Крањчар, која по професија била инженерка по авиосообраќај, а подоцна била сопственичка на Галеријата Крањчар. Со неа имал две деца: фудбалерот Нико Крањчар и ќерката Лана, која живее во Париз. Во неколку прилики за него се зборувало дека бил алкохоличар, иако тој ги негирал таквите обвинувања: на пример, Здравко Мамиќ го обвинил дека премногу пие, додека во 2011 година Дејан Савичевиќ изјавил дека своевремено Крањчар бил отпуштен од функцијата тренер на црногорската репрезентација токму поради алкохолизмот. Крањчар умрел на 1 март 2021 година по долга и тешка болест.[2]

Фудбалска кариера

уреди

војата фудбалска кариера ја започнал во ФК Динамо од Загреб каде почнал да тренира уште на десетгодишна возраст. Благодарение на тренерот Мирко Базиќ брзо преминал од јуниорската во сениорската екипа. Својот прв натпревар за првата екипа на ФК Динамо го одиграл во 1974 година, кога настапил на дербите против ФК Хајдук од Сплит. За ФК Динамо одиграл вкупно 262 натпревар во првенството на СФР Југославија, 28 натревари во југословенскиот куп и 18 натпревари во европските купови (Купот на европските шампиони, Купот на УЕФА и Купот на победниците на куповите). Во југословенското првенство постигнал вкупно 98 голови. Играјќи за ФК Динамо освоил три титули: шампион на Југославија (1981/1982) и Купот на маршалот Тито (1979/1980 и 1982/1983), а двапати (1975/1976 и 1981/1982) играл во финалето на Купот на маршалот Тито. Во 1984 година ја продолжил кариерата во ФК Рапид од Виена, а во 1990 преминал во ФК Санкт Пелтен, а една година подоцна преминал во СД Винерфелд каде во 1992 година го објавил крајот на играчката кариера, но потоа се премислил и одиграл уште една сезона за тој клуб.[2]

Во два наврати, Крањчар бил тренер на ФК Динамо при што освоил четири шампионски титули на Хрватска. Од 2004 до 2006 година бил тренер на хрватската фудбалска репрезентација која ја однел на светското првенство во Германија. Исто така, тој бил тренер и на едне ирански клуб каде се прославил на 3 мај 2012 година, кога на еден натпревар судијата досудил непосточеки пенал за неговата екипа, а тој му наредил на фудбалерот да не даде гол. Најпосле, тој бил тренер на фудбалската репрезентација на Црна Гора за време на квалификациите за Европското првенство во 2012 година. Во 2005 година, Крањчар ја добил Државната награда за спорт „Фрањо Бучар“.[2]

Наводи

уреди
  1. Предлошка:Hr icon 24sata Dubravko Miličić:Cico Kranjčar dobio otkaz već nakon prvoga poraza, Sep 26, 2009
  2. 2,0 2,1 2,2 bljesak.info „Umro Zlatko Kranjčar“ (пристапено на 6 март 2021)