Захир“ е роман од бразилскиот писател Пауло Коелјо напишан во 2005 година. Слично како и претходната книга „Алхемичарот“, во „Захир“ се зборува за аџилакот. Книгата допира до нас со темите за љубовта, загубата и опсесијата.

Захир
македонското издание на романот
АвторПауло Коелјо
Изворен насловO Zahir
ЗемјаБразил
Јазикпортугалски
ЖанрРоман
Издадена
2005
Страници336
ISBN0-06-083281-9
OCLC70691262

„Захир“ е пишувана на мајчиниот јазик на Коелјо, португалски, и е преведена на 44 јазици. Книгата најпрво беше објавена во Иран, во Персија, од страна на издавачката куќа Караван. Иран никогаш не потпишал каков било договор за меѓународните авторски права. Поради првото објавување на книгата во Иран, книгата беше по заштита на законот за национални авторски права на Иран. Оваа мерка за борба против плагирањето ја создаде необичната ситуација каде што книгата за првпат е објавена на јазик кој не му е мајчин јазик на авторот. Така, книгата беше забранета во Иран неколку месеци по издавањето, за време на 18. Техерански меѓународен саем на книгата.

Содржината е целосно автобиографска, но се смета за работа на фикцијата.

Содржина уреди

Захир“ на арапски значи „очигледно“ или „впечатливо“. Приказната се врти околу раскувачот, автор на бестселери, и потрагата по неговата исчезната жена, Естер. Тој ужива во сите привилегии што ги носат парите и славата. Осомничен е за нечесна игра од страна на властите и е притиснат од улогата што ја игра во нејасното исчезнување на неговата жена од нивниот дом во Париз.

Така, главната личност треба да го преиспита својот живот како и неговиот брак. Раскажувачот не е способен да открие што довело до исчезнувањето на Естер. Што ја навело што го напуштила? Доаѓа до Михаил, еден од пријателите на Естер во времето кога ја започнува книгата. Дознава од Михаел дека Естер, која беше одговорна за војната против желбите на нејзиниот маж (главниот лик), го напуштила за да го пронајде мирот, како да имаа проблеми додека живееа заедно. Тој сфати дека за да ја пронајде Естер, прво треба да се пронајде себеси. Михаил го воведува раскажувачот во неговите верувања и навики; неговата мисија за ширење љубов држејќи сеанси по хотелите и среќавајќи ги сиромашните луѓе кои живеат на улиците (скитниците). Тој му кажува на раскажувачот за гласот што го слуша и за неговата верба во него. Раскажувачот, кој многу често се заљубува во жените, се консултира со неговата идна жена, Мери, за неговиот проблем. Таа му кажува дека Михаил може да биде епилептичен. По своја желба го советува да го бара Захирот како и неговата желба, иако тоа може да значи загуба за неа.

Така, раскажувачот одлучува да го бара својот Захир. Тој, од Михаел, блискиот пријател на Естер пред да замине од Франција, дознава дека таа е во Казахстан. Како што Естер првично го донесе Михаил од Казахстан во Франција, главниот лик претпоставува дека таа мора да биде таму некаде. Тој беше љубопитен да дознае што ја променило Естер, и подоцна и ја дознава вистината. Таа била заинтересирана да се пронајде себеси преку шиење килими. Конечно, раскажувачот го среќава својот Захир и што се случува, дали точката на кулминација е нејзиниот интерес сѐ уште да живее со него. За време на патувањето на раскажувачот од Париз за Казахстан, Коелјо анализира различни сфаќања на љубовта и животот.

Коелјо го споредува бракот со збир од железнички траки кои секогаш остануваат заедно и никогаш не се зближуваат. Оваа новела е патување од застојан брак и љубов до реализацијата на невидената, секогаш растечка гравитација на две души.