OCLC (анг. Online Computer Library Center = „семрежен сметачки библиотечен центар“) — непрофитна членска сметачка библиотечна служба и истражна организација посветена на јавните цели што опфаќаат подобрување на пристапот до информациите во светот и намалување на трошоците за информирање.[2] Основана е во 1967 под името Ohio College Library Center. OCLC и библиотеките-членки во соработка ја градат и одржуваат WorldCat, најголемиот семрежен каталог (OPAC) на светот.

Online Computer Library Center
Типнепрофитна задруга
Основана1967 (1967)
СедиштеДаблин, Охајо (САД), САД
Опслужувано подрачјецел свет
Клучни личностиСкип Причард
претседател и извршен директор
Дејностбиблиотечни услуги
ПроизводиWorldCat, FirstSearch, Дјуиева децимална класификација, VDX, WebJunction, QuestionPoint
Задругаринад 72.000 библиотеки, архиви и музеи во 170 земји[1]
Мреж. местоwww.oclc.org

Историја уреди

Организацијата е основана на 6 јули 1967 како непрофитен библиотечен центар.[3] Денес во неа членуваат над 72.000 библиотеки од 170 земји и територии и ги користат услугите на OCLC за пронаоѓање, набавка, каталогизација, најмување и зачувување на библиотечни материјали.[4] Нејзин основач е Фред Килгур, а седиштето се наоѓа во градот Даблин во Охајо, САД.

Услуги уреди

OCLC нуди библиографски информации во резимиран и полн облик на сите заинтересирани лица.

Организацијата и библиотеките што учествувваат заеднички го создаваат и одржуваат каталогот „OCLC Online Union Catalog“ на WorldCat, кој е најголемиот електронски јавен каталог во светот и содржи записи од најразлични јавни и приватни библиотеки ширум светот. Записите од базата WorldCat се нудат на корисниците преку популарните пребарувачи, библиографски и книгопродажни места на семрежјето. Во октомври 2005, техничкиот кадар на OCLC започнал вики-проект кој им овозможува на читателите да внесуваат прибелешки, коментари и структурирани информации за секој запис на WorldCat.

Во Република Македонија, базата на WorldCat е достапна како дел од Заемниот каталог на библиотеките во Македонија.[5]

Семрежна база уреди

OCLC има база на податоци која служи за заведување и пребарување и е наменета за библиотекарите и јавноста. Тековниот програм на кој работи системот е „Connexion“, воведен во 2001, како замена за неговиот претходник „OCLC Passport“, кој е конечно укинат во мај 2005.

Базата содржи записи во каталожен формат за машинско читање (MARC) каде учествуваат каталозите на библиотеките што го користат OCLC како алатка за каталогизација ширум светот. Овие записи во форматот MARC потоа се преземаат на локалните библиотечни системи. Ова им овозможува на библиотеките да пронаоѓаат и преземаат записи за материјали и кон тоа да ја придодадат нивната каталогизација без да треба одново да се каталогизира секој запис поединечно.

Во февруари 2007, базата содржела 1,1 милијарди библиотечни материјали, и како таква претставува најголемата библиографска база на светот. Connexion е достапен како програм за професионални библиотекари, или пак на страницата connexion.oclc.org.

Базата WorldCat е достапна за јавноста преку службата за пребарување наречена FirstSearch, како и преку програмот Open WorldCat.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Соработка“. OCLC. Посетено на 18 март 2010. (англиски)
  2. „За OCLC“. OCLC. Посетено на 18 март 2010. (англиски)
  3. IDEALS: „Првична системска поставеност на OCLC: Историја на случајот“ (англиски)
  4. „Факти за OCLC“. OCLC. Посетено на 10 ноември 2011. (англиски)
  5. „Новости (архив)“. Виртуелна библиотека на Македонија. 25 март 2010. Архивирано од изворникот на 2015-04-26. Посетено на 20 март 2012. (македонски)

Надворешни врски уреди