Алхемичарот (роман)
Алхемичарот (португалски: O Alquimista) — најпознатиот роман на Пауло Коелјо. Објавен е во Бразил во 1988 г.[1] Романот е извонредна приказна за тоа како некој треба да ги следи своите соништа. До 2004 г., романот бил преведен на над 40 јазици и бил продаден во повеќе од 50 милиони примероци во над 150 земји.[2]
Македонско издание од издавачката куќа „Три“ | |
Автор | Пауло Коелјо |
---|---|
Изворен наслов | O Alquimista |
Илустратор | Пауло Коелјо |
Земја | Бразил |
Јазик | португалски |
Жанр | потрага, авантура, фантазија |
Издавач | HarperTorch (англиски превод). Првично роман напишан на португалски |
Издадена | 1988 |
Published in English | 1993 |
Медиум | печат (тврд, мек повез и iTunes), аудиокнига (звучно) |
Страници | 163 стр. (прво англиско издание, тврд повез), 208 стр. (издание на 25-годишнината) |
ISBN | 0-06-250217-4 (прво англиско издание) |
OCLC | 26857452 |
869,3 |
Содржина
уредиРоманот ја раскажува приказната за Сантјаго, млад овчар од Андалусија што има постојан сон што го носи во Северна Африка во потрага по неверојатно богатство. Во романот се споменува „Душата на светот“ и дека самата Земја сака од нас да бидеме среќни.
„Алхемичарот“ зборува за тоа како секој од нас има мисија и цел во животот, но многумина тоа не го сфаќаат. Но најважното нешто што книгата го кажува е дека треба да правиме добри дела насочени кон другите, бидејќи ние самите не знаеме какво ќе биде нашето богатство и како ќе го добиеме. Само ако го следиме своето срце, можеме да го достигнеме богатството и да го примиме.
Наводи
уреди- ↑ „Paulo Coelho in WorldCat database“. WorldCat. Посетено на 20 December 2016.
- ↑ „The Alchemist > Editions“. Goodreads.com. Посетено на 20 December 2016.
Надворешни врски
уреди„Алхемичарот (роман)“ на Ризницата ? |
- Алхемичарот на Sparknotes