Западна мода во 1900-тите

Модата во периодот 1900–1909 година во западниот свет ги продолжил сериозните, долги и елегантни линии од доцните 1890-ти. Високите, цврсти јаки го карактеризираат периодот, како и широките капи на жените и фризурите „Гибсон девојка“. Нова, колонообразна силуета воведена од страна на модните творци во Париз кон крајот на оваа декада сигнализирале за напуштање на корсетот како неопходна облека.

Портрет на т.н. Гибсон девојка, наречена според творецот Чарлс Дана Гибсон

Периодот од 1895 до 1914 година е познат како Бел Епок (француски: La Belle Époque - убавата ера), додека пак во Обединетото Кралство завршил Викторијанскиот период и започнал Едвардијанскиот период. Тоа е период на убава елегантна облека и луксузен животен стил, која сепак била привилегија само за малкумина - најбогатите. Богатите сè уште организирале приеми и балови, играле коцка и разни спортови. Ова е време на појава на телефонот, првите авионски летови, немиот филм и првите автомобили, време на синдикалното движење и женска борба за социјална правда.

Женска мода

уреди

Жените кои излегле од Викторијанскиот период и влегле во Едвардијанскиот период започнале да се облекуваат за поактивниот животен стил. Еволуирачките времиња донеле нов моден тренд познат како „Нова жена“. Активните животи барале помалку осветлена облека и барале поедноставна и поточна облека. „Новата жена“ била многу охрабрена од донесувањето на избирачкото право на жените. Жените кои се идентификувале со ова модно движење биле тип на жени кои започнале да се обидуваат да го одржуваат домашниот круг на семејството но и да завршат високо образование.

 
Модата од 1909 година
 
Модата од 1916 година, каде се гледа очевидното скратување на фустанот

Стилот на обичното здолниште во текот на овој период бил скратен, но бил порамен над колковите и постепено се проширувал надолу. Жените започнале да се стремат кон нешто необично до овој момент - истакната, јасно нацртана и забележлива града. Ова станало идеално заедно со тесните половини на телото и прилепеното здолниште што ги нагласува колковите. Ова се постигнувало со помош на корсет кој имал за цел да ги крене градите и да ги затегне половините.

Сепак, со оглед на многу поактивниот животен стил, психолошкото и моралното ослободување на жената, многу од претходните облеки на жената со панделки, широки ракави, шал и слично, станале крајно непрактични и непријатни за секојдневниот живот. Деколтето на облеката било кренато скоро до ушите а долната страна на здолништата се влечело по земја, а на фризурите се носеле огромни живописни капи.

1910 година била пресвртна точка во развојот на женската облека, под влијание на учењата на Фројд, развојот на кубизмот и музиката од Клод Дебиси, Игор Стравински и Морис Равел, револуционерниот стил на танцување и сценската носија на Исидора Данкан. Била носена облека без тешки долни фусти и тесни корсети. Се појавил градник кој ги крева градите, како и комбинација на пола и блуза. Здолништето било скратено за околу 20 сантиметри, а нозете веќе станале отворени за зглобовитеовите.

Големите рабни капи биле заменети со мали капи кои го носат името „птичје гнездо“. Чевлите се високи со малку извиени потпетици. Кратките здолништа ставаат акцент на чорапите, а гетите (вид на обувка) се носат со надворешна облека во зима. Танго чевлите инспирирани од танцот танго ги вовеле вкрстените ремени на зглобот. За време на годините на војна, работните жени носеле чевли кои се заврзувале, и имале тркалезни прсти и потпетици во форма на клиновидни копчиња.

Големите широки капи со широки рабни уреди или широките капи кои фрлаат сенка на лицето се крик на модата на почетокот на векот, но тие постепено започнале да ја намалуваат својата големина и биле заменувани постепено со мали капи со рамни периферни уреди. Кратката коса била воведена во Париз во 1909 година и се проширила во авангардните кругови во Англија за време на војната. Многу често, дури и кратката коса, била надополнета со мали поединечни перики.

Машка облека

уреди

Мажите ја задржиле својата традиционална облека. За дневно носење, тие носеле редингот и обично шарени панталони, додека вечерната облека вклучувала црн капут и бели панталони со елек. Постепено бил воведен костум со три дела, вклучувајќи ја и јакната.

Работната облека вклучувала капи, волнени плетени џемпери и јакни.

Детска облека

уреди

Детската облека исто така се променила. Момчињата носеле костуми, а панталоните стигнувале до коленото, а должината на фустаните на девојчињата се скратила и тие започнале да изгледаат поинаку од возрасните и многу повеќе детско. Војната, исто така, имала свое влијание, особено во облеката на машката детска мода.

Нивната коса генерално се носела долга и виткана со украси од лента. За игра, цветовите и волнените фустани биле најмногу прифатливи[1].

Наводи

уреди
  1. Stevenson, Pauline. Edwardian Fashion. London: Ian Allan LTD., 1980.

Надворешни врски

уреди
  • „1900s - 20th Century Fashion Drawing and Illustration“. Fashion, Jewellery & Accessories. Victoria and Albert Museum. Архивирано од изворникот на 19 November 2010. Посетено на 3 April 2011.
  • 1900s Fashion Plates of men, women, and children's fashion from The Metropolitan Museum of Art Libraries
  • 1900s era Henri Bendel Fashion Sketch Collection at the Brooklyn Museum
  • Lingerie dresses at Kent State University
  • 1900-1910 Fashions in the Staten Island Historical Society Online Collections Database