Заден прозорец (филм од 1954)
„Прозорец кон задниот двор“ (англиски: Rear Window) - американски филм од 1954 година, во режија на Алфред Хичкок. Сценариото за филмот го напишал Џон Мајкл Хејс, според расказот на Корнел Вулрич. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Стјуарт, Грејс Кели, Вендел Кори, Телма Ритер и Рејмонд Бар. „Заден прозорец“ има посебно место во опусот на Хичкок, затоа што обединува различни жанрови, од детективски преку криминалистички до љубовен. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во четири категории (Роберт Буркс за колор-фотографија, Џон Мајкл Хејс за сценарио, Хичкок за режија и Лорен Рајдер за звук), а ја освоил наградата БАФТА за најдобар филм.[1] Во 1997 година, филмот бил внесен во Националниот филмски регистер на САД,[2] а една година подоцна бил прогласен за еден од стоте најдобри американски филмови на сите времиња.[1]
„Заден прозорец“ | |
---|---|
Режисер | Алфред Хичкок |
Продуцент | Алфред Хичкок |
Главни улоги | Џејмс Стјуарт Грејс Кели Вендел Кори Телма Ритер Рејмонд Бар |
Музика | Франц Ваксман |
Кинематографија | Роберт Буркс |
Монтажа | Џорџ Томасини |
Студио | Patron Inc. |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | септември 1 1954(САД) |
Времетраење | 112 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $1 милион |
Бруто заработка | $36.8 милиони |
Содржина
уредиФотографот Л.Б. Џеферис - „Џеф“ (го игра Џејмс Стјуарт) мора да мирува откако ја скршил ногата кога фотографирал несреќа на тркачка патека. Тој го поминува времето така што ги набљудува соседите гледајќи низ прозорецот. Редовно го посетуваат неговата девојка Лиза Фремонт (ја игра Грејс Кели) и медицинската сестра Стела (ја игра Телма Ритер). Стела се обидува да го убеди Џеф да се ожени за Лиза, но тој се двоуми. Во еден од соседните станови живее средовечен маж, Ларс Торвалд, со својата болна жена која лежи во постелата. Еден ден, Џеф слуша како една жена извикува „Немој!“ и потоа слуша кршење на стакло. Потоа го забележува Торвалд ќе што излегува од станот и го гледа како прави повеќе ноќни патувања. Следното утро, Џеф забележува дека сопругата на Торвалд ја нема, а потоа го забележува Торвалд како чисти еден голем нож и една рачна пила. Потоа, Торвалд врзува голем багажник со тешко јаже, кое го преместуваат некои луѓе. Џеф е сега убеден дека Торвалд ја убил својата жена, затоа, тој ги ангажира својата девојка Лиса, негувателката Стела и детективот Томас Дојл (Вендел Кори) кои започнуваат истрага. Детективот не наоѓа ништо сомнително и верува во тоа дека жена му на Торвалд отишла во друг град и дека го земала багажникот со себе. Набргу потоа се случува убиство на кучето на соседите, чијшто врат е скршен. Соседката вика од балконот што ги алармира другите соседи кои ја гледаат сцената, како и Џеф. Само Торвард не е алармиран и не ја гледа сцената, туку мирно си пуши цигара во својот затемнет стан. Сега Џеф е убеден дека Торвалд е виновен и за убиството на куче. Тој пишува едно писмо каде го обвинува Торвалд за убиството и ја испраќа Лиса да му го остави писмото под неговата врата, за да ја види неговата реакција кога ќе го прочита писмото. Потоа, Џеф му закажува средба на Торвалд и за време на неговото отсуство, Лиса и Стела ги откопуваат цвеќињата во градината, бидејќи Џеф мисли дека Торвалд погребал нешто икриминирачки во градината, но тие не наоѓаат ништо. Лиса потоа влегува во станот на Торвалд, без дозвола на Џеф. Меѓутоа, Торвалд се враќа во станот и ја напаѓа Лиса. Џеф, растревожен, ја вика полицијата, која ја уапсува Лиса поради незаконско влегување во туѓ стан. Лиса со рацете зад грбот му сигнализира на Џеф со венчалниот прстен на Торвалд, но Торвалд го забележува овој гест и го здогледува Џеф. Џеф му се јавува на детективот за да му се каже што се случило, а Стела заминува во полициска станица за да ја плати кауцијата која ќе ја ослободи Лиса. Тогаш, Торвалд влегува во станот на Џеф, а Џеф му се противставува со тоа што го слика со својот фотоапарат и привремено го заслепува. Торвалд успева да го фати Џеф и да го фрли од отворениот прозорец при што Џеф ја крши и другата нога. Тогаш пристигнува полицијата и го апси Торвалд, а тој ги признава убиствата. Неколку дена подоцна, Џеф мирува во својата количката со гипс на двете нозе. Односите помеѓу соседите се смениле. Лиса чита една книга во станот на Џеф и кога тој заспива, таа ја остава книгата и зема да чита еден моден магазин.[3]
Улоги
уреди- Џејмс Стјуарт како Л.Б. „Џеф“ Џеферис
- Грејс Кели како Лиза Карол Фремонт, девојката на Џеф
- Вендел Кори како детективот Томас „Том“ Џ. Дојл
- Телма Ритер како патронажната сестра Стела
- Рејмонд Бур како трговскиот патник Ларс Торвалд
- Џудит Евелин како госпоѓицата Осамени срца
- Рос Багдасариан како песнописецот
- Ѓоргиње Дарси како госпоѓицата Торзо
- Френк Кеди и Сара Бернер како мажот и жената кои живеат над Торвалд, со нивното куче
- Џеслин Факс како „Госпоѓица на слушната помош“
- Ранд Харпер и Хавис Девенпорт како штотуку оженетите
- Ирене Винстон како госпоѓата Ана Торвалд