Загир Исмагилов
Загир Гарипович Исмагилов (руски: Загир Гарипович Исмагилов ; башкирски: Заһир Ғарип улы Исмәғилев; 1916/1917 — 2003) беше руски - башкирски композитор и педагог. Тој ја добил титулата Народен уметник на СССР во 1982 година, бил член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз од 1943 година[1].
Загир Исмагилов | |
---|---|
Споменик Загир Исмагилов во Уфа | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 26 декември 1918 Серменево, Русија |
Потекло | СССР |
Починал(а) | 26 декември 2003 Уфа | (возр. 85)
Жанрови | Класичен, народен |
Занимања | композитор, музичар, автор |
Инструменти | пијано, курај |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Животопис
уредиБил син на дрвосечач, роден бил на 26 декември 1918 година во селото Веркне-Серменево денес Серменево, во Белорецки округ на Башкортостан, Русија.
Исмагилов учел основно училиште во Башкир во селото Нијне-Серменево. Мошне рано пројавил интерес за музиката а особено за народна музика на народот Башкир, учејќи да свири на курај - флејта.
Во 1932 година заминал да студира во шумско-хемиското училиште во Инзер. Рано дипломирал и почнал да работи во Белоретск, продолжувајќи да свири на курај . Подоцна тој се запишал на музичкото училиште, кое се отворило во Уфа (1936). Во 1937 година, Исмагилов, заминал да студира во Башкири на Московскиот конзерваториум. За време на Втората светска војна работел во Уфа, учествувајќи во концертите приредувани за војниците а компонирал патриотски песни[2],[3].
Исмагилов бил претседател на Сојузот на композитори на Башкортостан во 1958 година. Во 1968 годинаго го основал и бил прв ректор на Институтот за уметност во УФА каде што работел до 1988 година.
Неговите дела биле изведувани во Русија, како и во Бугарија, Кина, Романија, Северна Кореја, Југославија и Етиопија.
Загир Исмагилов придонел во развојот на национална оперска, камерна, вокална, хорска и инструментална музика во Советскиот Сојуз. Најпозната му е неговата опера Салават Јулајев , била изведена во Државниот театар за опера и балет на Башкир во 2004 година[4].
После долго боледување, тој починал во 2003 година.
Награди
уреди- Награда Салават Јулаев
- Ленинов орден
- Херој на трудот со црвена лента
- Орден на честа
- Орден на пријателството[5].
Творечки опус
уреди- Салават Јулајев, (опера)
- Шаура, (опера)
- Амбасадори на Урал, (опера)
- Кахим - Турија, (опера)
- Агиделски бранови, (опера)
- Кодаса, (музичка комедија)
- Алмакај, (музичка комедија)
- Сигнау торна (балет)
- Околу 300 песни и романси
Наводи
уреди- ↑ „Заги́р Гари́пович Исмаги́лов“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2020-04-17.
- ↑ Башкирский композитор. Народный артист СССР[мртва врска]
- ↑ классика башкирского композиторского искусства Загира Исмагилова[мртва врска]
- ↑ „опере широко применяются развернутые оперные формы“. Архивирано од изворникот на 2020-05-17. Посетено на 2020-04-17.
- ↑ ПРИЗЫ И НАГРАДЫ