Живојин Балугџиќ
Живојин Балугџић — дипломат на Кралството Србија и Кралството Југославија.
Живојин Балугџиќ | ||
Роден | 19 февруари 1868 Белград | |
---|---|---|
Починал | 26 септември 1941 |
Животопис
уредиОсновно училиште и гимназија завршил во Белград, а потоа започнал со студиите по право, кои ги заршил во Женева. Од Србија емигрирал во 1894 година, поради статијата „Го уривате дворот“ објавена во весникот „Народен пријател“, што го започнал заедно со Наум Димитријевиќ. Се вратил во Србија по Мајскиот преврат во 1903 година, кога станал секретар на Петар I Караѓорѓевиќ и шеф во Министерството за надвоешни работи. Во 1906 година, бил секретар во српското претставништво во Цариград. Бил конзул во Битола во 1907 година, а од 10 септември 1907 до 8 мај 1909 година бил конзул во Скопје. Се обидел да го смири судирот меѓу двете конзултски и митрополитски струења.[1] На чело на митрополитската струја бил скопскиот владика Викентиј Скопски, кој настојувал од српската дипломатија целосно да го преземе раководењето со револуционерната организација, како и со школството во Македонија.[1] Меѓу 1909 и 1912 година, бил конзул во Солун. Бил дипломатски претставник во Атина, Рим, и Берлин. Се пензионирал во 1935 година, а умрел во 1941 година.[2]
-
Извештај од Балугџиќ за четничката дејност во Македонија (Солун, 3 мај 1910)
-
Телеграма од Балугџиќ до МНР во Ниш за предлогот на руската влада упатен до француската и англиската, да го бараат од Грција во корист на Бугарија појасот од Дојран по линијата меѓу Воден и Негуш до Костур. (Атина, 15 август 1914)
-
ТТелеграма од Балугџиќ до Министерство за надворешни работи во Ниш, поверлива информација од англискиот пратеник дека сојузничката флота добила налог, после бомбардирањето на Дарданелите, да влезе во Цариград. (Атина, 6 февруари 1915)