Живко Дичов Секулоски ( 1921 во Долно Добреноец, Кичевско1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал со чување овци. Како симпатизер на народно ослободителното движење, се определил за борба против окупаторот ѝ во летото 1943 година стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред, а во 1944 година бил во редовите на Шестата македонска бригада. Во борбите што ги водела Бригадата се истакнал како храбар борец, добил чин и станал командир на одделение. Станал член на СКОЈ и учествувал на Сремскиот Фронт каде загинал при пробојот на фронтот кај Дуго Село во април 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 108.