Жарко Кузмановски


Жарко Кузмановски (Тетово, 30 јануари 1981Куманово, 9 мај 2015) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.[1]

Жарко Кузмановски
30 јануари 1981 – † 9 мај 2015 (34 г.)

Роден во:Тетово, Македонија Македонија
Починал во:Куманово
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Специјалец во МВР
Единици: ЕСЗ Тигар
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Вооружена престрелка во Куманово (2015)
Одличја:

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва

уреди
 
Четвртиот вод на ЕСЗ Тигар на чело со генерал Ангелов во полигонот за обука „Стенковец“, Скопје. Опкружените се од лево Жарко Кузмановски, Александар Серафимов, Никола Пехчевски и Оливер Китановски, сите загинати во 2001 година како и Жарко во 2015 година во Куманово.

Жарко Кузмановски е роден на 30 јануари 1981 година во Тетово, во семејството на Благуња и Душан Кузмановски. Основно образование завршува во О.У. „Коста Рацин“ во тетовското село Брвеница. Средно образование со успех заврши како кадет во 23 класа во Средното полициско училиште „Елисие Поповски - Марко“. Го сакаше спортот и за време на школувањето во средното полициско училиште како примерен ученик бил праќан на натпревари за боречки спортови каде има освоено повеќе медалји. Во март 2000 година се пријавува на оглас во Единицата за специјални задачи Тигар, каде по успешно поминатите селективни проверки примен е и упатен на обука. Жарко беше другар со големо срце секогаш тука за да помогне. Храбар, борбен, искрен се само дел од особините кои ги имаше и спомените кои се врзуваат со неговата личност.

Со леснотија ги извршуваше сите задачи. Од вооружениот конфликт од 2001 па сè до кобната 2015 година каде на 9 мај, во Куманово, при извршување на службени задачи го загуби животот. По дознавање на неговото загинување во борбите во Диво Насеље, Куманово, на друштвените мрежи се ширеше трогателна порака на една мајка за Жарко Кузмановски:

„Синоќа околу 9 бевме со маж ми и син ми во 7-ца во Карпош. Беше гужва, па замолив еден дечко син ми да јаде на маса до него. Чекајќи ги сендвичите тие почнаа дијалог, кој продолжи со гушкање… Кога дојдов до масата на која седеше човекот до моето дете, човекот ми рече: „Имате прекрасно дете господ да ве благослови, да порасне голем и силен како мене, јас сум специјалец.“ Рече дека се вика Жарко а син ми го пленил со тоа дека му рекол дека има убаво име. Никој во животот не ми рекол дека имам прекрасно име… Стана, со многу љубов го прегрна Петарче и му рече: „Ти си посебно дете, да бидеш јунак и повтори, јас сум специјалец јас ќе те чувам.“ И сега со солзи го пишувам текстов затоа што човекот бил ЖАРКО КУЗМАНОВСКИ кој денеска го загуби животот. Слава ти пријателе почивај во мир и нека ти е лесна земја.“[2]

— Непозната мајка на друштвените мрежи

Потресното сведоштво на социјалните медиумите говори за неговите херојски погледи на животот и за неговата големина како човек. Со највисоки почести е погребан на гробиштата во село Брвеница. Жарко Кузмановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Кузмановски во жалост го остави своето семејство, сопругата и двајца малолетни синови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Осуммина загинати спасија илјадници животи“. Дневник. 2015-05-10. Архивирано од изворникот на 2016-08-06. Посетено на 2017-05-25.
  2. „Трогателна порака на една мајка за загинатиот херој Жарко Кузмановски“. Вечер. 2015-05-10. Архивирано од изворникот на 2016-09-02. Посетено на 2017-05-27.