Жан Кристоф Гранже

Жан Кристоф Гранже (француски: Jean-Christophe Grange, роден на 15 јули 1961 во Булон Бијанкур) — француски новинар и писател на дела во жанрот трилер.

Жан Кристоф Гранже
Роден/а15 јули 1961
Булон Бијанкур, Франција
Јазикфранцуски
НационалностФранцузин
Жанркриминален роман

Биографија

уреди

Жан Кристоф Гранже е роден на 15 јули 1961 година во Булон Бијанкур, Франција. Бил одгледан од неговата мајка и баба.

Завршил со магистерска диплома по литература од Сорбона со дипломски труд за Густав Флобер. Една година поминал во турнеја со еден антрополог следејќи ја патеката на номадите. Во тоа време станал копирајтинг и потоа работел за новинска агенција. На 28 години станал меѓународен репортер и работел за различни изданија како „Paris Match“, „Sunday Times“, „The Observer“, „El Pais“ и „National Geographic“.

Подоцна станал слободен новинар и ја основал компанијата „L & G“. Ова му овозможило да го обиколува светот. Бил меѓу Ескимите, Пигмеите, Туарезите и кај монголските племиња во Америка и Кина, Гренланд и европските земји, каде испраќал импресивни материјали за социјалните заедници, и проблемите со заштитата на природата и животинските видови. За нив тој добил две од најпрестижните новинарски награди - на „Ројтерс“ (1991), за уништувањето на шумите и на „World Press“ (1992), за кормораните во Кина.

Во други свои студии и материјали Гранже ги претставувал најновите информации во областа на науката поврзана со човечкото тело. Овие знаења му дале многу добра основа за неговите идни книги. Во 1994 година Гранже го објавил својот прв роман „Летот на штрковите“. Тој бил оценет високо од страна на критичарите. Во 2013 година романот бил адаптиран во мини-серија.

Во 1998 година излегол неговиот најпопуларен трилер „Пурпурни реки“, кој станува бестселер и го етаблира како водечки писател во криминалистичка литература. Во 2000 година, романот бил адаптиран во многу успешниот филм на Метју Касовиц со учество на Жан Рено.

Следувале низа исто така успешни трилери како „Le Concile de Pierre“ (2000) и „"L'Empire des loups“ (2003). Во 2005 година по неговиот роман и сценарио излегол филмот „Империја на волците“ со учество на Жан Рено, а во 2006 година „Le concile de pierre“ со учество на Моника Белучи.

Делата на Гранже се актуелни криминални приказни кои вклучуваат комплексни прашања од меѓународниот тероризам, политичкиот екстремизам, сомнителните активности на окултните организации и современите закани за општеството.

Делата на Гранже се преведени на над 20 јазици ширум светот и се испечатени во над 1 милион примероци. Тие се повеќе популарни во Америка, отколку во Европа.

Жан Кристоф Гранже живее со неговата сопруга, новинарката Вирџинија Лук, и трите деца - Луј, Матилда и Изе, во близина на Ајфеловата кула во Париз.

Дела

уреди

Романи

уреди
  • Le Vol des cigognes (1994)
  • Les rivières pourpres (1998)
  • Le Concile de Pierre (2000)
  • L'Empire des loups (2003)
  • La Ligne noire (2004)
  • Le Serment des limbes (2007)
  • Misèrere (2008)
  • La Fôret des Mânes (2009)
  • Le Passager (2011)
  • Le Kaiken (2012)

Филм

уреди
  • 2000 Les rivières pourpres
  • 2001 Vidocq
  • 2004 Les rivières pourpres II – Les anges de l'apocalypse
  • 2005 L'empire des loups
  • 2006 Le concile de pierre
  • 2011 Switch
  • 2013 Flight of the Storks
  • 2013 La marque des anges – Miserere

Надворешни врски

уреди