Ејнар Херцшпрунг
Ејнар Херцшпрунг (дански: Ejnar Hertzsprung; 8 октомври 1873 – 21 октомври 1967) — дански хемичар и астроном. Во периодот од 1911–13 г. заедно со американскиот астроном Хенри Норис Расел го разработил познатиот Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм за класификација на ѕвездите.
Ејнар Херцшпрунг Ejnar Hertzsprung | |
---|---|
Херцшпрунг (десно) со Карл Шварцшилд пред Гетингенскиот универзитет, 1909 г. | |
Роден(а) | 8 октомври 1873 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 21 октомври 1967 Роскилде, Данска | (возр. 94)
Полиња | хемија, астрономија |
Установи | Лајденска опсерваторија |
Образование | Копенхагенска техничка школа |
Познат по | Херцшпрунг-Раселов дијаграм |
Поважни награди | Златен медал на КАД (1929) Брусов медал 1937 |
Роден е во Копенхаген. Во 1913 г. ги утврдил растојанијата на неколку кефеидни променливи ѕвезди според нивната паралакса,[1] и со тоа успеал да го избаждари односот (откриен од Хенриета Левит) помеѓу периодот на кефеидите и нивната сјајност. При оваа работа по случајна грешка ги одредил ѕвездите на десетпати помала далечина. Со овој однос ја проценил оддалеченоста на Малиот Магеланов Облак. Од 1919 до 1946 г. Херцшпрунг работел во Лајденската опсерваторија во ХОландија, каде од 1937 г. бил нејзин директор. Меѓу дипломците во Лајден бил и истакнатиот астроном Џерард Кајпер.
Веројатно најголемиот придонес за астрономијата го дал со разработката на класификација на ѕвездите според спектрален тип, развојна фаза и сјајност. Во неговат работа ја проучувал и постоечката класификација осмислена од Антонија Мори.[2] Таканаречениот Херцшпрунг-Раселов дијаграм до денес се користи како начин на типолошко претставување на ѕвездите и нивниот развој. Открил и два астероида, од кои еден е аморскиот астероид наречен 1627 Ивар.[3]
Неговата сопруга Хенриета (1881–1956) била ќерка на холандскиот астроном Јакобус Каптајн. Херцшпрунг починал во Роскилде во 1967 г. Во негова чест е наречен астероидот 1693 Херцшпрунг.[4]
Откриени астероиди
уреди- 1627 Ивар (25 септември 1929)
- 1702 Калахари (7 јули 1924)
Почести
уреди- Награди
- Златен медал на Кралското астрономско друштво во 1929 г.
- Брусов медал во 1937 г.
- Именувања
- Херцшпрунг — ударен кратер на Месечината
- 1693 Херцшпрунг — астероид од главниот појас
Извори
уреди- Sky & Telescope, January, 1968, Sky Publishing Corporation, Cambridge
Наводи
уреди- ↑ Hertzsprung, E. (1913). „Über die räumliche Verteilung der Veränderlichen vom δ Cephei-Typus“ [On the spatial distribution of variable [stars] of the δ Cephei type]. Astronomische Nachrichten. 196 (4692): 201–208. Bibcode:1913AN....196..201H.
- ↑ Hoffleit, D. "Reminiscences on Antonia Maury and the c-Characteristic." The MK Process at 50 Years: A Powerful Tool for Astrophysical Insight. Vol. 60. 1994.
- ↑ Schmadel, Lutz D. (2003). „(1627) Ivar“. Dictionary of Minor Planet Names – (1627) Ivar. Springer Berlin Heidelberg. стр. 129. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1628. ISBN 978-3-540-29925-7.
- ↑ Schmadel, Lutz D. (2003). „(1693) Hertzsprung“. Dictionary of Minor Planet Names – (1693) Hertzsprung. Springer Berlin Heidelberg. стр. 135. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1694. ISBN 978-3-540-29925-7.
Надворешни врски
уреди„Ејнар Херцшпрунг“ на Ризницата ? |
- Страница за Брусовиот медал (англиски)
- Доделуање на Брусовиот медал: PASP 49 (1937) 65 (англиски)
- Доделување на Златниот медал на КАД: MNRAS 89 (1929) 404 (англиски)
- Ејнар Херцшпрунг — Енциклопедија Британика (англиски)
- Ејнар Херцшпрунг во Големата руска енциклопедија Архивирано на 26 октомври 2020 г. (руски)