Карл Шварцшилд
Карл Шварцшилд (германски: Karl Schwarzschild; 9 октомври 1873 во Франкфурт на Мајна — 11 мај 1916 во Потсдам) — германски физичар и астроном. Тој, исто така, е татко на астрофизичарот Мартин Шварцшилд.
Карл Шварцшилд | |
---|---|
Карл Шварцшилд (1873–1916) | |
Роден(а) | 9 октомври 1873 Франкфурт на Мајна |
Починал(а) | 11 мај 1916 Потсдам | (возр. 42)
Националност | Германец |
Полиња | Физика Астрономија |
Образование | Минхенски универзитет Лудвиг Максимилијан |
Докторски ментор | Хуго фон Зелигер |
Влијаел врз | Мартин Шварцшилд |
Живот
уредиШварцшилд е роден во Франкфурт на Мајна во еврејско семејство. Неговиот татко бил активен член на деловната заедница на градот и во неговото семејство имало предци кои живееле во градот уште од шеснаесеттиот век.[1] Карл посетувал еврејско основно училиште до 11 годишна возраст.[2] Тој бил чудо од дете, изработувајќи два труда за бинарни орбити (небесна механика) кои биле објавени пред неговата шеснаесетта година.[3][4] Студирал во Штрасбург и Минхен, стекнувајќи се со докторско звање во 1896 година за работа на теориите на Анри Поенкаре.
Од 1897 година, работел како асистент во опсерваторијата Куфнер во Виена.
Наводи
уреди- ↑ Sadri Hassani Mathematical Physics: A Modern Introduction to Its Foundations Погледнат 25-04-2015
- ↑ „Biography“.
- ↑ John Daintith - Biographical Encyclopedia of Scientists CRC Press 25-04-2015
- ↑ Search engine verification of : "published papers before sixteen years of age" 25-04-2015
Надворешни врски
уреди- Карл Шварцшилд на Ризницата ?
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Карл Шварцшилд“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Roberto B. Salgado The Light Cone: The Schwarzschild Black Hole
- Посмртница во Astrophysical Journal
- Карл Шварцшилд — Проект „Математичко родословие“ (англиски)