Етјен Пивер де Сенакур

Етјен Пивер де Сенакур (16 ноември 177010 јануари 1846) — француски филозоф и есеист, најмногу познат по епистоларниот роман Оберман.

Етјен Пивер де Сенакур
Роден/а16 ноември 1770
Париз, Франција
Починат/а10 јануари 1846
Сен Клу, Франција
Занимањеесеист, филозоф
Националностфранцузин

Животопис

уреди

Најголем дел од своето детство Сенакур бил болен. Своето најрано образование го започнал кај свештеник од Ерменонвил, а потоа бил испратен на колеџот Сорбона. Неговиот татко Клод-Лорен Пивер, член на кралскиот совет, сакал Сенакур да замине на обука во црквата Сен Сулпис и да стане свештеник. За да избегне да работи професија која не му се допаѓала, Сенакур, со помош на мајка си, пребегал во Швајцарија во 1789. На 11 септември 1790 се оженил со Мари-Франсоа Даже, со која имал две деца, ќерката Еулали (р. 1791), која ги следела татковите чекори и станала писател, и синот Флоријан-Жилиен (р. 1793), кој имал воена кариера. Бракот не бил среќен, сопругата одбивала да го придружува на самотијата на Алпите каде посакувал да отиде, па се преселиле во Фрибург.

Неговото отсуство од Франција за време на француската револуција се толкувало како чин на непријателство кон новата влада, а неговото име биле ставено на списокот иселени. Франција ја посетувал од време на време во тајност, но само делумно успеал да го сочува семејното богатство. Во 1799 во Париз ја објавил книгата Rêveries sur la nature primitive de l'homme, која се смета за предвесник на романтизмот. Сопругата и неговите родители починале пред крајот на векот, а Сенакур бил во Париз во 1801 кога ја започнал Оберман, а ја завршил 1804 во Швајцарија, и ја отпечатил една година подоцна. Книгата станала негово најпознато дело, а следната година ја напишал театарската претстава De l'amour во која ги нападнал тогаш актуелните обичаи. Во овој период работел во списанието Mercure de France, каде се запознал со Луј-Себастијан Мерсје и Шарл Нодје.

Сенакур би го минал остатокот од животот творејќи во изолација да било обвинението од јавен обвинител за клевети против религијата во второто издание на Résumé de l’histoire des traditions morales et religieuses (1827) каде го опишал Исус како „млада жалфија“. Бил осуден за виновен и казнет со девет месеци затвор и 300 франци, но обвинението паднало на апелација. Случајот добил медиумско внимание, а зголемениот авторитет на Сенакур помеѓу либералната јавност предизвикало реобјавување на сите негови дела. Авторот ја ревидирал и надополнил Оберман во изданието од 1833. Оберман, инспириран од Жан-Жак Русо и пофален од Сент Бев и Жорж Санд, бил популарен во Франција и Англија. Се состои од писма напишани од осамена и меланхолична личност, чиј дом е во осамената долина на планината Јура. Автентичноста на книгата во споредба со останатите дела од ВертерБајроновата литература е во тоа што главниот лик наместо тага за суетата на луѓето, чувствува немоќ да прави и да живее како што сака.

Сенакур не го почитувал католицизмот и бил приврзаник на слободната мисла. Од 1803 сѐ до смртта во 1846 Сенакур пишувал дела кои биле според вкусот на читателската публика. Политичарите Адолф Тиер и Абел-Франсоа Вилмен издејствувале пензија за Сенакур од кралот Луј-Филип, што му овозможило комфорно да ја мине староста. Позначајни дела од Сенакур во овој период биле комедијата Valombré (1807) и неговиот втор епистоларен роман Isabelle (1833). Го напишал и сопствениот епитаф Eternité, sois mon asile.

Дела

уреди
  • (1792) Les Premiers Ages. Incertitudes humaines
  • (1793) Sur les Générations actuelles, absurdités humaines
  • (1795) Aldomen ou le bonheur dans l’obscurité
  • (1799) Rêveries sur la nature primitive de l’homme
  • (1804) Oberman (changed to Obermann in subsequent editions)
  • (1806) De l’amour
  • (1807) Valombré
  • (1814) Lettre d’un habitant des Vosges sur MM. Buonaparte, de Chateaubriand, Grégoire, Barruel
  • (1815) De Napoléon
  • (1815) Quatorze juillet 1815
  • (1816) Observations critiques sur l’ouvrage intitulé "Génie du christianisme", suivies de réflexions sur les écrits de Monsieur de Bonald
  • (1819) Libres Méditations d'un solitaire inconnu
  • (1824) Résumé de l’histoire de la Chine
  • (1825) Résumé de l’histoire des traditions morales et religieuses
  • (1833) Petit vocabulaire de simple vérité
  • (1833) Isabelle

Литература

уреди
  • France, Peter (Ed.) (1995). The New Oxford Companion to Literature in French. Oxford: Clarendon Press. ISBN 0-19-866125-8.
  • Gonthier, Albert (1999). Montreux et ses hôtes illustres. Saint-Gingolph: Editions Cabédita. ISBN 2-88295-267-8.
  • Schenk, H.G. (1966). The Mind of the European Romantics: an Essay in Cultural History. London: Constable.
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди