Приказна за мајсторот и ученикот
Приказна за мајсторот и ученикот (српски: Прича о мајстору и ученику) - расказ на српскиот писател Данило Киш, дел од збирката раскази „Енциклопедија на мртвите“ од 1983 година. Првобитно, расказот бил објавен во еден од летните броеви на списанието Књижевне речи, во 1976 година.[1]
Содржина
уредиДејството на расказот се случува кон крајот на 19 век, во Прага, каде учениот Бен Хаас собрал мала група ученици на кои им ја проповедал својата философија за спротивноста меѓу поезијата и моралот. Во 1892 година, Бен Хаас (наречен Мајсторот) го сретнал момчето Јешуа Крохал, кој почнал да пишува книга, инспириран од неговата философија. Мајсторот се обидел да го наведе момчето на правиот пат и се нафатил да ја прочита и поправи неговата книга. При една нивна подоцнежна средба, Јешуа признал дека бил во заблуда, но Мајсторот го охрабрил да продолжи да пишува. Јешуа отишол во една евтина кафеана, ја довршил својата книга и ја запалил првата верзија со исправките од страна на Мајсторот. Во 1894 година, Јешуа ја објавил книгата, по што станал голем противник на учењето на Мајсторот.[2]
Осврт кон расказот
уредиВо пост-скриптумот кон збирката, Киш објаснува дека со текот на времето расказот сè повеќе го губела алегориското значење и нејзиното тежиште се преместувало на реалистички, па дури и документаристички план.[3]