Огледало на непознатото

расказ, дел од „Енциклопедија на мртвите“

Огледало на непознатото (српски: Огледало непознатог) - расказ на српскиот писател Данило Киш, дел од збирката раскази „Енциклопедија на мртвите“ од 1983 година.

Содржина

уреди

Малата Берта шета низ шумата и се погледнува во огледалото што ѝ го купил татко ѝ, господинот Бренер. Потоа, дејството се префрла на таткото, кој заедно со другите две ќерки, Хана и Мирјам, се враќа од Арад во Сегед. Таткото штотуку ги запишал ќерките во гимназијата во Арад и им нашол сместување кај неговата роднина, г-ѓа Голдберг. Берта погледнува во огледалото, но наместо својот лик, таа ја гледа кочијата во која патуваат таткото и сестрите. Ноќта, Берта крикнува во сонот и ѝ кажува на мајка си дека таткото и сестрите се мртви. Околу полноќ, мајката го носи девојчето кај Мартин Бенедек, но тој не верува во нејзината приказна, велејќи дека девојчето има треска. Подоцна, оваа случка е опишана во локалниот весник во Арад: господинот Бренер го нападнале двајца мажи, го ограбиле, нему му ја пресекле главата, а двете девојчиња најпрвин ги силувале, а потоа ги заклале. Убијците се фатени благодарение на приказната на Берта и тие веднаш го признале делото.[1]

Наводи

уреди
  1. „Ogledalo nepoznatog“ во: Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 82-94.