Елагабалиум

храм изграден од римскиот император Елагабал

Елагабалиум бил храм изграден од римскиот цар Елагабал, сместен на севро-источниот дел од Палатин. За време на владеењето на Елагабал, од 218 до 222 година, Елагабалиум бил центар на контроверзен религиозен култ, посветен на богот Сол Инвиктус, чиј највисок свештеник бил царот лично.

Планот на Елагабаиум. Долу лево, е поставена црквата Сан Севастијано ал Палатино.

Историја

уреди

Храмот бил со колонади 70 метри на 40 метри, пред Колосеумот, внатре во ограден дел. Платформата на храмот била првобитно изградена за време на Домицијан меѓу 81 и 96 година, и била место за обожување на Јупитер.[1] Остатоците од таа тераса денес се видливи на североисточната страна од Палатин.

Кога Елагабал станал император во 218 година, храмот бил проширен и посветен на богот Елагабал, главниот бог од неговото родно место Емеса во Сирија.[2] Елгабал лично го водел култот кој бил посветен на ова божество. Богот бил претставен преку црниот свет камен, кој бил дел од метеорит.[3]

По смртта на Елагаал, храмот бил повторно вратен кон култот на Јупитер од страна на Север Александер. Бил изграден втор помал храм во име на богот Елгабал, на местото каде денес е Црквата на Светиот Крст во Ерусалим.

Култот кон Елгабал

уреди
 
Римски ауреус посветен на Елгабал. Од другата страна се чита Sanct Deo Soli Elagabal (На Светиот Бог на Сонцето Елагабал), и приказ на квадрига, златна кочија која го носи светиот камен од храмот во Емеса.

Уште од времето на владеењето на Септимиј Север, се зголемил култот на обожавање на сонцето.[4] Ова го искористил Елгабал како шанса за да го постави својот бог Елгабал како главно божество во римскиот пантеон, дури и над Јупитер.[5] Како знак на обединување на двете религии, Елгабал како сопруга му ја одредил било Астарте, Минерва или Уранија, или некоја комбинација на трите.[6] Херодијан исто така кажал дека Елагабал ги терал сенаторите да го гледаат додека танцува околу олтарот на своето божество, на звуци од тапани и цимбали,[2] и на секој летен сонцестој се одржувал голем фестивал, популарен меѓу народот поради тоа што се давала бесплатна храна,[6] и за време на тој фестивал, тој го поставувал светиот камен на триумфална кочија, украсен со злато и накит, и со која парадирал низ градот.

Религиозните испади на Елагабал на крајот довеле и до неговата смрт. На 11 март 222 година, Елагабал бил убиен од страна на членови од преторијанската гарда, и заменет со неговиот роднина Север Александер.

Наводи

уреди
  1. Van Zoonen, Lauren. „Temple of Elagabal“. Livius.org. Архивирано од изворникот 2007-04-16. Посетено на 2007-08-08.
  2. 2,0 2,1 Herodian, Roman History V.5 Архивирано на 18 август 2007 г.
  3. Herodian, Roman History V.3.5 Архивирано на 4 ноември 2015 г.
  4. Halsberghe, Gaston H. (1972). The Cult of Sol Invictus. Leiden: Brill. стр. 36.
  5. Cassius Dio, Roman History LXXX.11
  6. 6,0 6,1 Herodian, Roman History V.6 Архивирано на 30 септември 2007 г.

Надворешни врски

уреди