Екогенетика ― гранка на генетиката која ги проучува генетските особини поврзани со одговорот на супстанциите од околината.[1] Или, контракција на еколошката генетика, проучување на односот помеѓу природното население и неговата генетска структура.

Екогенетиката главно се занимава со ефектите на постоечката генетски одлужена променливост врз одговорот на еколошките агенси.[2] Зборот животна средина е опширно дефиниран за да ги вклучи физичките, хемиските, биолошките, атмосферските и климатските агенси. Според тоа, екогенетиката е сеопфатен поим, а концептите како фармакогенетиката се гледаат како поткомпоненти на екогенетиката. Ова дело логично произлезе од книгата со наслов Загадувачи и групи со висок ризик (изворно: Pollutants and High Risk Groups; 1978), која претставувала преглед на различните фактори домаќини, т.е. возраста, наследноста, исхраната, веќе постоечките болести и начинот на живот кои влијаат на болестите предизвикани од животната средина.

Примарната намера на екогенетиката е да обезбеди објективна и критичка евалуација на научната книжевност која се однесува на генетските фактори и диференцијалната подложност на еколошките агенси, со посебен нагласок на оние агенси кои обично се сметани за загадувачи. Сепак, важно е да се сфати дека генетскиот состав, иако е важен, е само еден од низата фактори домаќини кои придонесуваат за севкупниот прилагодувачки капацитет на поединецот. Во многу случаи, можно е таквите фактори да општат на начини кои можат да го подобрат или неутрализираат ефектот еден на друг.

Состојби на црвените крвни зрнца

Постои широка група на генетски болести кои резултираат со или производство или предиспонирање на засегнатите лица за развој на хемолитична анемија. Овие болести вклучуваат вон-нормален хемоглобин, неможност за производство на еден или друг од пептидните глобински синџири на хемоглобинот и недостатоци на Ембден-Мајерхофовиот монофосфат.

Метаболизам на црниот дроб

Поединците кои немаат способност за детоксикација и излачување на ПХБ може да имаат висок ризик од целосно откажување на црниот дроб во врска со одредени еколошки услови.

Кардиоваскуларни заболувања

Патолошката лезија на атеросклероза е супстанца слична на плочка која ги згуснува највнатрешниот и средината од трите слоја на ѕидот на артеријата. Задебелувањето на интимниот и медијалниот слој е резултат на собирањето на размножувачките мазни мускулни клетки кои се опфатени со меѓустицијални супстанции како што се колаген, еластин, гликозаминогликани и фибрин.

Дишевни заболувања

Постојат три дишевни заболувања засновани на генетско потекло кои можат директно да кореспондираат со еколошките функции и да предизвикаат болест. Тие вклучуваат рак на белите дробови и горниот и долниот дишевен тракт поврзан со серумскиот дефицит на Иг А.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Cummings, Michael R. Human Heredity: Principles and Issues. стр. 264–265.
  2. „Ecogenetics Model“. akhilautismfoundation.org. Архивирано од изворникот (image) на 2016-07-05. Посетено на 1 февруари 2024.
Општи извори