Болест
(Пренасочено од Болести)
Болест (латински: morbus) — нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.
Видови болести
уреди- Според динамиката на протекување
- перакутни - протекуваат за 1-3 денови, понекогаш за часови или дури минути; такви се повеќето тровења, некои алергични состојби, некои инфективни болести и др.;
- акутни - протекуваат за 2-7 денови; така протекуваат повеќето воспалителни процеси и инфективни болести, и др.;
- субакутни - протекуваат за 7-20 денови; така протекуваат некои бактериски и габични инфекции, и др.;
- хронични - траат повеќе од 20 денови; така протекуваат повеќето автоимуни болести, габичните инфекции, и др.
- Според локализацијата
- општи (генерализирани) - го засегаат целиот организам; такви се речиси сите заразни и метаболитни болести, и др.;
- месни (локални) - засегаат строго ограничени делови; општите промени во организмот се незначителни; такви се повеќето кожни болести, траумите (изгорувања, скршеници, исшачувања итн.) и др.
Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести. Основните медицински науки, коишто ги изучуваат болестите во целост, се:
Некои од познатите болести во секојдневието
уреди- Апсцес- Abscessus, новоформирана патолошка шуплина, обвиена со капсула по чија внатрешност се расположени епителни клетки - исполнета со гној, при локализирано гнојно воспаление.
- Хепатит - воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирус или токсична материја
- Хепатит А - воспаление на црниот дроб предизвикано од RNK вирус, од фамијлијата Picornaviridae, а најчесто се пренесува со ингестија на контаминирана храна и вода.
- Хепатит Б - воспаление на црниот дроб предизвикано од DNK вирус ( Hepatitis B virus, од фамилијата Hepadnaviridae) кој опстојува во крвта и најчесто се пренесува преку сескуален контакт или трансфузија на инфицирана крв или крвни производи.
- Хепатит Ц - воспаление на црниот дроб предизвикано од ретровирус (Hepatitis C вирус, од familijata Flaviviridae) кое има слични клинички манифестациии како Hapatitis B.
- Рак - Cancer, болест која се одликува со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации.
- Гастритис - воспаление на слузокожата на желудникот, кое настанува поради дејство на неинфективни (на пример при примена на нестероидни антиифламаторни лекови - аналгетици) или инфективни (на пример бактерии од родот на хелиобактер) агенси.
- Настинка - Акутно вирусно воспаление на горнореспираторниот тракт
- Заушки - Акутно воспаление на задвиличната плунковна жлезда
Болеста како тема во уметноста и во популарната култура
уредиБолеста како тема во народното творештво
уреди- „Митре и чума“ — македонска народна песна.[1]
- „Гуга болна лежи“ — македонска народна песна.[2]
- „Девет години болен лежав“ - македонска староградска песна.[3]
- „Ајде болно лежи“ - македонска староградска песна.[4]
- „Ајде разболе се мојто либе“ - македонска народна песна.[5]
- „Разболела се Ирина мома“ - македонска народна песна.[5]
- „Катинка болна легнала“ - македонска народна песна.[6]
- „Три години болна лежам“ - македонска народна песна.[7]
- „Раболела се Калина“ - македонска народна песна.[8]
- „Калина грло болело“ - македонска народна песна.[9]
- „Болна лежала Стојанка“ - македонска народна песна.[10]
- „Болно лежит малој моме“ - македонска народна песна.[11]
- „Ленче бре, Ленче, попово ќерче“ - македонска народна песна.[12]
- „Ти се молам мајко ко ќе умрам“ - македонска народна песна.[13]
- „Боледувањето на Ѓерзелез“ (српски: Ђерзелезово боловање) - босанска народна песна.[14]
- „Болниот Јово и тамбурата“ (српски: Болани Јово и тамбура) - српска народна песна.[15]
- „Болниот и болеста“ (српски: Боник и болест) - српска народна приказна.[16]
Болеста како мотив во книжевноста
уреди- „Болеста на Дениција“ - песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски од 1968 година.[17]
- „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ - роман на српскиот писател Светислав Басара.[18]
- „Ревматизам“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1974 година.[19]
- „Болест“ — песна на Блаже Конески од 1989 година.[20]
- „Госпоѓа во посета на болното дете на својата слугинка“ (хрватски: Gospođa u posjeti kod bolesnog djeteta svoje sluškinje) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[21]
- „Ај, на здравје!“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[22]
- „И мечето има грип“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[23]
- „Болест“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1918-1919 година.[24]
- „Џемперот на болниот“ - песна на Борис Пастернак.[25]
- „Жеравите на Сасаки“ — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.[26]
- „Лоша постапка“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[27]
- „Моменти“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[28]
- „Quo vadis, Пневномиј?“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[29]
- „Од Болничкиот дневник“ - песна на рускиот поет Василиј Филипов.[30]
- „Болеста на Атанас Иваноски“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[31]
- „Оздравување на болниот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[32]
Болеста како тема во популарната музика
уреди- „Ширење на болеста“ (англиски: Spreading the Disease) — албум на американската хеви-метал група Антракс (Anthrax) од 1985 година.[33]
- „Време за разболување“ (англиски: Time to get ill) — песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.[34]
- „Лепрозен“ (англиски: The Leper) — песна на американската рок-група Дајносор (Dinosaur) од 1985 година.[35]
- „Болест“ (англиски: The Disease) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.[36]
- „Сè уште болен“ (англиски: Still ill) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths) од 1984 година.[37]
- „Градска болест“ (англиски: City Sickness) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.[38]
- „Имам астма“ (англиски: I've Got Asthma) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).[39]
- „Ерни имаше хернија“ (англиски: Ernie Had A Hernia) — песна на Тој долс.[40]
- „Шампион во сипаници“ (англиски: Smallpox Champion) — песна на американската рок-група Фугази (Fugazi) од 1993 година.[41]
Наводи
уреди- ↑ Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 23-25.
- ↑ Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 22.
- ↑ YouTube, Ansambl Biljana Devet godini bolen lezhav (пристапено на 24.11.2019)
- ↑ YouTube, Ajde Bolno lezi mojto libe - Lambe Alabakovski (пристапено на 24.11.2019)
- ↑ 5,0 5,1 Macedonian Folklore Classics, Nikola Badev. Macedonian Radio and Television, MP 41020.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 180.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 81.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 146.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 110.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 111-112.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 112-113.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 113-114.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 71-72.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 79.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 400.
- ↑ Петре М. Андреевски, Дениција. Скопје: Три, 2005.
- ↑ Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 67.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 117.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 52-56.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 58.
- ↑ Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 12.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 46-50.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 51.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 104-107.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 17.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 67.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 558.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 238.
- ↑ Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 198-204.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 135-136.
- ↑ YouTube, ANTHRAX - Spreading The Disease [Full Album] HQ (пристапено на 22.12.2016)
- ↑ Beastie Boys, Licensed to Ill, Def Jam Recordings, 1986.
- ↑ DISCOGS, Dinosaur* – Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
- ↑ Discogs, Echo And The Bunnymen* – Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021)
- ↑ YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)
- ↑ DISCOGS, Tindersticks – Tindersticks (пристапено на 19.8.2018)
- ↑ Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)
- ↑ Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)
- ↑ DISCOGS, Fugazi – In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)
Надворешни врски
уреди- Хепатит Б (македонски)