Атеросклероза
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Атеросклероза | |
---|---|
Прогресија на атеросклерозата | |
Специјалност | Кардиологија |
АТЕРОСКЛЕРОЗА
уредиАтеросклероза претставува болест која ги зафаќа големите и средните артерии во телото и се одликува со дисфункција на ендотелот на артеријата (внатрешниот дел, кој гледа кон луменот на артеријата), воспаление на артеријата, таложење на липиди, холестерол, калциум и клеточен остаток во интимата на крвниот сад. Ова таложење предизвикува формирање на плака, васкуларно ремоделирање, акутна/хронична опструкција (запушување), нарушувања во течењето на крвта, а со тоа и нарушено снабдување со кислород на органите во телото. За да се рабере точно процесот на атеросклероза претходно е потребно барем наједноставно да се знае градбата на крвниот сад. Крвните садови се изградени од три слоја:
Тunica intima, tunica media, tunica adventitia(адвентиција). Tunica intima е слојот кој директно е во контакт со луменот (каналот) на крвниот сад, т.е во директен контакт со крвта. Овој слој е главно изграден од клетки наречени ендотелијални клетки( ендо = внаатрешно). Тunica media e средишниот слој на пресек на крвниот сад и е главно изграден од мазни мускулни клетки. Tunica adventitia (адвентиција) е надворешниот слој на крвниот сад главно изграден од сврзни клетки (фибробласти) и колегени влакна.
Механизам на настанување
уредиСè уште наполно непознат. Се знаат повеќе фактори кои делуваат и водат кон атероматозни промени на крвните садови. Постои теорија дека атеросклерозата е всушност одговор на повреда на крвниот сад. Повреда на крвниот сад може да се случи од случува од оксидиран LDL холестерол, инфективни агенси, токсини (производи од пушење цигари), хипергликемија (зголемен шеќер во крвта). За формирање на атеросклеротична лезија или промена треба да се случат каскада од неколку реакции и учество на повеќе клетки од организмот. Циркулирачките моноцити од крвта навлегуваат во интимата на крвниот сад( првиот слој) и се претвораат во макрофаги( клетки задолжени за чистење). Макрофагите го земаат “чистат “ LDL холестеролот и го складираат во интимата на крвниот сад. Така тој започнува да се задебелува, во него се таложи и калциум па творбата почнува да стврднува и да формира плака, која има тенденција да расте. Со растот на плаката се случува стеснување на крвниот сад(опструкција) и нарушено снабдување на органите кои се снабдуваат со кислород преку засегнатиот крвен сад. Така на ниво на срцеви артерии и нивно запушување се случува срцев инфаркт (изумирање на одредена зона на ткиво заради наполно отсуство на кислород), на ниво на мозок се случува мозочен удар, на ниво на бел дроб се случува белодробен инфаркт итн, се во зависност од засегнатиот крвен сад со атеросклеротичната промена.
Атеросклерозата започнува да се формира уште од рана возраст, се наоѓаат и атеросклеротични промени кај деца, но најчесто симптомите се одразуваат во подоцнежните години.
Атеросклерозата е водечка причина за смрт во развиениот индустријализиран свет.
Пол
уредиАтеросклерозата е почеста меѓу мажите отколку меѓу жените. Се смета дека жените се заштитени заради присуство на женските хормони особено естрогенот.
Возраст
уредиНајчесто симптоми од атеросклеротични промени како инфаркти се случуваат во 40 година па нагоре.
СИМПТОМИ
уредиЧесто многу од луѓето немаат никакви симптоми затоа што претставува хронична болест која полека прогредира. Симптоми кои се најпознати како резултат на напредната атеросклероза:
Болка во гради (angina pectoris) болка која се јавува зад градната коска и типично се шири кон левата рака и може да биде придружена со отежнато дишење.Особено се засилува при напор, кога се зголемува побарувачката на срцето за кислород, а се олеснува со одмарање или со нитроглицерин. Продолжена болка која не олеснува со одмор и е придружена со интензивно потење и отежнато дишење има значење на миокарден инфаркт (инфаркт на срце)
Болка при одење (клаудикација), импотенција, незаздравувачки рани на нозете има значење на запушување на крвен сад на ектремитет.
Мозочниот удар се одликува со низа различни симптоми и невролошки знаци, често со главоболка, губење на свест, повраќање, слабост на одредени мускулни групи, се во зависност од артеријата која е зафатена.
Ризични фактори
уредиХиперлипидемија ( особено зголемување на LDL холестерол) Хипертензија Дијабетес( шеќерна болест) Пушење Дебелина
ДИЈАГНОЗА
уредиЛабораториски испитувања : липиди, шеќер во крв Ултрасонографија (ЕХО) Коронарна ангиографија Компјутерска томографија, Магнетна резонанца.
ТРЕТМАН
уредиТретманот и превенцијата опфаќаат контрола на липидите и шеќерот во крвта, висината на крвниот притисок да биде во граници на нормала, престанок со пушење, слабеење со соодветна диета и вежби кардио( пешачење на рамно тло), најдобри ефекти се постигнуваат доколку во неделата се практикува барем три дена по 30мин. Пешачење на рамно во природа.
Наводи
уредиhttp://emedicine.medscape.com/article/150916-overview http://www.ouhsc.edu/histology/text%20sections/cardiovascular.html