Ежен Гилвик

Француски поет

Ежен Гилвик (5 август 1907 - 19 март 1997) е еден од најважните француски поети од втората половина од 20 век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик (фран. "Guillevic")[1].

Ежен Гилвик
Куќата во Ферет каде Гилвик ја поминал својата младост
Роден/а5 август 1907
Франција Карнак, Франција
Починат/а19 март 1997
Франција Париз, Франција
Занимањепоет

Роден е во Карнак, Бретања. Откако добива диплома по математика во 1926 година, влегува во администрацијата на Алзак, а подоцна е дел и од Министерството за финансии и економија. Станува симпатизер на комунистите уште во текот на Шпанската граѓанска војна, поради што од 1942 година станува и активен член на Комунистичката партија. Тука се поврзува со Пол Елијар. На партијата ѝ останува верен сè до 1980 година.

Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизичкиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите.

Во 1976 година Гилвик ја добива Големата Поетска награда на Француската Академија а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Добитник е и на Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата[2].

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди