Адијабатски процес

Адијабатски процес е процес кај кој размената на топлината на системот со надворешната средина е занемарлива.

Адијабатските процеси реално не можат да се постигнат затоа што секогаш мора да постои макар и мала размена топлина со надворешната средина, за што говори и самиот назив на процесот, што би можел да се преведе како невозможен. За да бидат намалени топлинските загуби, овие процеси мораат да се одвиваат многу брзо.

АдијабатаУреди

Адијабатскиот процес на идеален гас може графички да се прикаже со адијабата. На дијаграмот pV адијабатата има сличен облик како и изотермата, но е пострмна.[1]Adiabatic.svg

При адијабатскиот процес на идеален гас важи реалцијата: , каде што k е Поасонов број, кој се дефинира како , каде што е моларен топлински капацитет при постојан притисок, а е моларен топлотен капацитет при постојан волумен. Користејќи ја формулата за состојба на идеален гас може да се дојде и до други врски меѓу основните параметри што ја карактеризираат состојбата на идеалниот гас. Така, се изведуваат врските и

Поасонов бројУреди

Поасоновиот број има различни вредности за различни гасови, во зависност од тоа колку атоми се содржани во нивната молекула. За едноатомските гасови тој износи 5/3, а за двоатомските 7/5.

НаводиУреди

  1. Adiabatic process анг.