Дримски Залив
Дримски Залив (албански: Gjiri i Drinit или Pellgu i Drinit) — залив и подводна котлина во Јадранското Море, северна Албанија.[1][2] Има срповиден облик и се протега од устието на Бојана на север, преку приморскиот град Свети Јован, па сè до ’ртот Родон на југ.[3] Брегот на заливот е сплет од песокливи плажи, песочни дини, ’ртови, соленоводни и слатководни бари, устија, борови и крајбрежни шуми, трскарници и крајбрежни пасишта.
Дримски Залив | |
---|---|
Поглед на северниот дел на заливот | |
Дримскиот Залив на карта | |
Подрачје | област Леска, Албанија |
Координати | 40°46′0″N 19°31′0″E / 40.76667° СГШ; 19.51667° ИГД |
Речни извори | Дрим |
Океански/морски извори | Јадранско Море |
Сливни земји | Албанија |
Физички одлики
уредиЗаливскиот брег е долг 60 км и просеан со спили и плажи во кои се влеваат разни водотеци.[2] На подрачјето се одводнуваат бројни реки и образува својствен екосистем и биоразновидност. Залвиот е наречен е по реката Дрим, која тече низ планинските предели кон брегот, а други покрупни притоки се Исам и Матија. Приморјето е мошне ниско и поради тоа е покриено со бројни лагуни со различни облици и големини.
Животински и растителен свет
уредиДримскиот Залив има релативно голема биоразновидност и долж брегот се воспоставени заштитени подрачја, меѓу кои Бојана-Велипоја на север, природниот резерват Куна-Вајн во средиштето и Паточка Лагуна во јужниот дел. Овие места се прогласени и за подрачја од важност за птичјиот и растителниот свет поради разните видови птици и растенија кои се застапени.[4][5] Сета област е опфатена од сливот на Дрим и е официјално признаена како важно биоразновидносно жариште.[6][7][8]
Заливот воедно е едно од најважните места за морските желки на Јадранот.[9] По плажите се гнездат и пасат два загрозен вида: зелената и главестата желка.[10] Морските цицачи се застапени со китови како Кивјеовиот клунест кит и делфини како пругавиот, Рисовиот и клунестиот.[11][12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Fjalor enciklopedik Shqiptar (Akademia e Shkencave e RPSSH. изд.). Tirana, Albania. 1985.
- ↑ 2,0 2,1 „OUTLOOK ON SEAWATERS DYNAMICS AND GEOLOGICAL SETTING FACTORS FOR THE ALBANIAN ADRIATIC COASTLINE DEVELOPMENTS“ (PDF). itc.upt.al. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-03. Посетено на 2018-08-06.
- ↑ Sokol Marku, Eleni Gjani. „The evolution of Holocene Transgression in Drini Bay. Northewstern Albania“ (PDF). jieas.com. стр. 1–8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-15. Посетено на 2018-08-06.
- ↑ BirdLife International. „Drini Delta“. datazone.birdlife.org. стр. 1.
- ↑ МСЗП, Светски фонд за природа, Plantlife. „Important Plant Areas of the south and east Mediterranean region“ (PDF). portals.iucn.org. стр. 75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „The natural wealth and legacy of the Drin River Basin: inspiring our collective actions“ (PDF). act4drin.net. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-01-23. Посетено на 2018-08-06.
- ↑ „Drin River Basin The blue heart of the Balkans“ (PDF). mio-ecsde.org. стр. 4.
- ↑ Rivers of Europe (Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson. изд.). Academic Press, 2009. ISBN 9780080919089.
- ↑ „Monitoring and Conservation of Important Sea Turtle Feeding Grounds in the Patok Area of Albania 2008‐2010 PROJECT REPORT“ (PDF). vliz.be. стр. 1–68.
- ↑ „Loggerhead turtles (Caretta caretta) foraging at Drini Bay in Northern Albania: Genetic characterisation reveals new haplotypes“. fupress.net. Tirana, Albania. стр. 1–8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-15. Посетено на 2018-08-06.
- ↑ United Nations Environment Programme MEDITERRANEAN ACTION PLAN. „STATUS AND CONSERVATION OF CETACEANS IN THE ADRIATIC SEA“ (PDF). cbd.int. стр. 22.
- ↑ „Inland observations of Common Bottlenose Dolphins Tursiops truncatus (Montagu, 1821) in the delta of the Bojana/Buna River, Albania and Montenegro“ (PDF). dlib.si. стр. 1–4.