Државен пат 20 (Грција)
Државен пат 20 или ЕО20 (грчки: Εθνική Οδός 20) — пат во Епир и Егејска Македонија, Грција. Ги поврзува градовите Јанина и Кожани преку Коница и Сачишта. Минува низ Јанинско, Костурско и Кожанско. Со пуштањето на магистралата А2 („Егнатија“), патот изгубил на важност и станал спореден. Делницата од Јанина до Калпаки влегува во состав на Европскиот пат Е853. Патот има две ленти, по една во секој правец, и должина од 215 км.
Државен пат 20 | |
---|---|
ЕО20 од Борботско за Присојани, Епир. Во заднината се гледа планината Смолика | |
Информации за правецот | |
Дел од | |
Должина: | 215 км |
Поважни клучки | |
Западен крај: | Јанина |
Источен крај: | Кожани |
Местоположба | |
Области: | Епир, Егејска Македонија |
Поважни градови: | Јанина, Коница, Сачишта, Кожани |
Патна мрежа | |
Државни патишта во Грција |
Правец
уредиЗападниот крај на ЕО20 се наоѓа во центарот на Јанина, каде се поврзува со државните патишта ЕО5, ЕО6 и ЕО17. Оди на северозапад кон Калпаки (клучка со ЕО22), каде свртува на североисток кон Коница. Одовде до Цотил минува низ планинскиот венец Пинд. Делницата од Лапчишта до Сачишта се совпаѓа со ЕО15. Од Сачишта ЕО20 продолжува на исток сè до неговиот источен завршеток во градот Кожани.
Населени места
уредиОва се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]
Поврзано
уреди- Смолика
- Вик (клисура)
- Егнатија (А2)
Наводи
уреди- ↑ Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.