Јавен долг

(Пренасочено од Државен долг)

Државниот долг или националниот долг[1][2] е вкупниот долг на владата. Спротивно на тоа, годишниот буџетски дефицит се однесува на разликата меѓу владините приходи и расходи во текот на една година.

Државниот долг може да се категоризира како внатрешен долг (долг на заемодавателите во земјата) и надворешен долг (кој се должи на странските заемодаватели). Уште една заедничка поделба на државниот долг е врз основа на времетраењето додека не се исплати отплатата. Краткорочниот долг обично се смета за една година или помалку, а долгорочниот долг е повеќе од десет години. Среднорочниот долг паѓа помеѓу овие две граници. Пошироката дефиниција на државниот долг може да ги разгледа сите државни обврски, вклучувајќи идни исплати на пензии и плаќања за стоки и услуги кои владата ги склучила, но сѐ уште не се платени.

Владите создаваат долг со издавање хартии од вредност, државни обврзници и сметки. Помалку кредитоспособни земји понекогаш позајмуваат директно од наднационална организација (на пример, Светска банка) или меѓународни финансиски институции.

Јавниот долг во одделни држави

уреди
 
Долг на општата влада како процент од БДП, САД, Јапонија, Германија
 
Каматен товар на јавниот долг во однос на БДП.
 
Националниот часовник за задолжување надвор од канцеларијата на IRS во Њујорк, 20 април 2012 година.

Долгот во однос на БДП е еден од најприфатените начини за оценување на значењето на долгот на земјата. На пример, еден од критериумите за влез во Европскиот монетарен сојуз е долгот на земјата-апликант да не надминува 60% од БДП на таа земја.

Земји со најголем јавен долг (процена за 2012 година)[3]
земја јавен долг
(милијарди УСД)
% од БДП по жител (УСД) % од светскиот јавен долг
Свет 56.308 64% 7.936 100,0%
  САД* 17.607 74% 55.630 31,3%
  Јапонија 9.872 214% 77.577 17.5%
  Кина 3.894 32% 2.885 6,9%
  Германија 2.592 82% 31.945 4,6%
  Италија 2.334 126% 37.956 4,1%
  Франција 2.105 90% 31.915 3,7%
  Обединето Кралство 2.064 89% 32.553 3,7%
  Бразил 1.324 55% 6.588 2,4%
  Шпанија 1.228 85% 25.931 2,2%
  Канада 1.206 84% 34.902 2,1%
  Индија 995 52% 830 1,8%
  Мексико 629 35% 5.416 1,1%
  Јужна Кореја 535 34% 10.919 1,0%
  Турција 489 40% 6.060 0,9%
  Холандија 488 69% 29.060 0,9%
  Египет 479 85% 5.610 0,9%
  Грција 436 161% 40.486 0,8%
  Полска 434 54% 11.298 0,8%
  Белгија 396 100% 37.948 0,7%
  Сингапур 370 111% 67.843 0,7%
  Тајван 323 36% 13.860 0,6%
  Аргентина 323 42% 7.571 0,6%
  Индонезија 311 25% 1.240 0,6%
  Русија 308 12% 2.159 0,6%
  Португалија 297 120% 27.531 0,5%
  Тајланд 292 43% 4.330 0,5%
  Пакистан 283 50% 1.462 0,5%

* Податокот за САД не ги вклучува долговите на одделните сојузни држави и меѓувладиниот долг[4][5]

Раководење со јавниот долг

уреди

До доцните 1980-тите, раководењето со јавниот долг се сметало за продолжение на функциите на централната банка. Оттогаш, преовладува сфаќањето дека централната банка не треба директно да ја финансира владата и затоа во голем број земји раководењето со јавниот долг е издвоено од централната банка. На пример, една анкета спроведена од БИС во 2008 година покажала дека, од 41 анкетирана централна банка, помалку од една четвртина имале надлежности поврзани со раководењето со јавниот долг. Притоа, во некои земји со јавниот долг раководи одделна служба во рамките на министерството за финансии (на пример, во Франција), а некаде постои посебна агенција која исто така, е под надлежност на министерството за финансии (на пример, во Германија). Во некои земји, процесот на издвојување на централната банка од раководењето со јавниот долг се вршело постепено, а некаде (на пример, во Британија) тоа било направено веднаш. Сепак, дури и во развиените земји постојат примери во кои централната банка го врши издавањето и раководењето со јавниот долг (на пример, Данска), а тоа вообичаено се оправдува од потребата за координација меѓу монетарната и фискалната политика. Светската финансиска криза била пресвртна точка во поглед на улогата на централната банка во раководењето со јавниот долг, зашто многу централни банки (вклучувајќи ги ФЕД и ЕЦБ) почнале директно да купуваат државни обврзници.[6]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Bureau of the Public Debt Homepage“. United States Department of the Treasury. Архивирано од изворникот на 2018-09-29. Посетено на October 12, 2010.
  2. „FAQs: National Debt“. United States Department of the Treasury. Архивирано од изворникот на October 21, 2010. Посетено на October 12, 2010.
  3. „Country Comparison :: Public debt“. cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на May 16, 2013.
  4. „Government – Historical Debt Outstanding – Annual“. Treasurydirect.gov. 2010-10-01. Архивирано од изворникот на 2020-12-06. Посетено на 2011-11-08.
  5. „Debt to the Penny (Daily History Search Application)“. Treasurydirect.gov. Архивирано од изворникот на 2014-02-07. Посетено на 2014-02-03.
  6. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 112-113.