Дрвопис или ксилографија — техника во графичката уметност, таа е графика која е отпечатена од дрвена плоча-матрица. Потекнува од Кина околу I век, а според други VI век наша ера[се бара извор].

Четворицата коњаници 1496–98 Албрехт Дирер, Четворицата јавачи на Апокалипсата
Гравер дрвопис од Јостн Аман, 1568
Користење на ножеви врз матрица од јапонска иверица. Постапка на гравирање врз дрвена површина.
Илустрација за детска книга од Рандолф Калдекот; отпечатена од Едмунд Еванс, 1887

Името ксилографија е кованица од грчкиот јазик - првиот дел од називот потекнува од старогрчкиот збор xylon – пресечено дрво и graphein - пишување[1][2][3][4].

Дрвописот е најстара графичка техника.

Историја

уреди

Најстарите дрвописи од Исток

уреди

Најстариот авторски познат дрвопис е од Ванг Жиех, создаден во 868 година и е познат како Дијамонд сутра, тој претставува свиток на кои се комбинирани визуелни и текстуални содржини, откриен е во 1900 година[5].

Кинескиот дрвопис се развивал и напредувал во постојан континуитет, достигнувајќи во 17-от век највисоко ниво меѓу другото и со печатење на комплексни книги во боја. Овие книги, стигнале до Јапонија и имале големо влијание на подоцнежниот развој на јапонската графика на дрво[6].

Почетоците на дрвописот на Запад

уреди

Најпрво, дрвописот се развивал како постапка за печатење врз текстил.

Со почетокот на помасовното производство на хартија, во четиринаесеттиот и петнаесеттиот век, дрвописот станал еден од најважните медиуми за ширење на христијанската религија. Најстарата гравура на дрво пронајдена е во еден манастир во Франција, позната како Дрво протат.

Јохан Гутенберг го пронашол принципот на печатење книги врз основа на изгравирана дрвена плоча. Покрај илустрациите - графиките, гравирани биле и букви, со што настанале првите книги со поголем тираж, наместо претходните манускрипти.

Благодарение на овој принцип, кој масовно ја доближил книгата и графиката до поширок круг на консументи, едуцирајќи ги на текстуални и визуелно - естетски пораки, поголем број на уметници пројавувале поголем интерес со што се посветиле на дрвописот како значаен сегмент во нивното творештво:Мартин Шонгауер, Албрехт Дирер, Ханс Холбајн Постариот, Лука Кранах. Албрехт Дирер извршил најголемо влијание врз уметниците од тоа време.

Од 1508 година биле создадени и првите дрвописи во боја. Оваа техника е наречена кјараскуро (chiaroscuro) (светло - темно), една иста боја се печати неколкупати, при што биле менувани само нијансите на истата боја и тоа од посветла кон потемна[7].

Развој на дрвописот

уреди

Во XIX век, во Париз јапонскиот дрвопис ќе биде инспирација на многу современи уметници, внесувајќи изразни црти со кои започнува авангардниот уметнички израз, особено во графичкото творештво. Пол Гоген, Винсент ван Гог, Анри де Тулуз-Лотрек, Едгар Дега, Едуар Мане, Камиј Писаро, Едвард Мунк се поистакнатите уметници коишто создале значајни ликовни остварувања во оваа графичка техника.

Во почетокот на дваесеттиот век, германските експресионисти, собрани во групата Мост ќе внесат силен и изразит ликовен јазик во оваа техника: Ерих Хекел, Ернст Лудвиг Кирхнер, Емил Нолде, Ото Милер, Кете Колвиц, како и членовите на групата Синиот јавач - Василиј Кандински, Паул Кле, создавајќи од дрвописот значаен уметнички творечки дострел[8].

Метод

уреди

Сликата, цртежот, во дрвописот, се врежува со помош на специјални ножеви врз мазната дрвена површина. Деловите или мотивите кои треба да се отпечатат, остануваат на површината од плочата, додека таа што нема да се печатат се под површината на плочата. Бојата останува на мазната површина, а под неа останува бела ненабоена површина. На Исток, процесот на печатење се одвивал рачно, додека на Запад, печатењето се одвива со помош на преса за рамен печат[9].

Дрвопис во боја

уреди

Дрвописот во боја се реализира со употреба на повеќе матрици или секоја матрица е одредена боја. Најчесто се печати од посветли кон потемни бои.

Суштински во печатењето во боја е прецизното поставување на плочите познато како „пасирање“, при што секоја плоча една врз друга мора да се поставени прецизно, точно, за да нема дуплирање и заматување на крајната графичка реализација[10].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Xilogravura
  2. Woodcut in Art
  3. [h ttp://www.visual-arts-cork.com/printmaking/woodcuts.htm/ Woodcuts]
  4. drvorez ili ksilografija
  5. „Xylography“. Архивирано од изворникот на 2019-09-21. Посетено на 2019-09-30.
  6. Woodcut – The Oldest Form of Printmaking
  7. „CHIAROSCURO WOODCUTS“. Архивирано од изворникот на 2019-09-30. Посетено на 2019-09-30.
  8. Woodcut print
  9. REDUCTION PRINT
  10. Printmaking-techniques

Литература

уреди
  • Virtual woodcuts from images,Conference Paper (PDF Available) • January 2007 woodcuts.
  • Introduction to Relief Printmaking - Hilary Lorenz Introduction_Relief Архивирано на 30 јули 2019 г..
  • Dževad Hozo, Umjetnost multioriginala, Prva književna komuna Mostar, 1988

Надворешни врски

уреди