Драгиша Димитријевски - Шипе
Драгиша Димитријевски - Шипе (роден на 6 април 1956 во Куманово - починал на 7 јануари 2013 во Куманово) — македонски глумец и сликар.
Драгиша Димитријевски - Шипе | ||
Роден | 6 април 1956 Куманово, СР Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 2013 Куманово, Македонија | |
Занимање | глумец и сликар |
Животопис
уредиДимитријевски е роден во Куманово на 6 април 1956 година. Својата глумечка кариера ја започнал со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а во 1979 година, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Тодорка Кондова. Од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет глумечки улоги. Освен по своите бројни глумечки улоги, Димитријевски бил познат и како ликовен уметник со плодно творештво. Добитник е на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“, на „ноемвриска награда“ на градот Куманово и од Друштвото на ликовни уметници – Куманово. Своевремено ја добил и наградата за млад ликовен автор. Во последните неколку години Димитријевски бил и уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“. Починал по кратко боледување на 7 јануари 2013 во Куманово.[1]
Филмографија
уредиФилмографија на глумецот Драгиша Димитријевски - Шипе | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1980-ти▲ | |||
1981 | Црвениот коњ ТВ филм | / | |
1982 | Илинден | / | |
1984 | Белото циганче | / | |
1985 | Трговецот од Солун | / | |
1986 | Климент Охридски | / | |
1986-2002 | Македонски народни приказни | / | |
1987 | Вук Караџиќ | / | |
1989 | Мугра | / | |
1990-ти▲ | |||
1991 | Еурека | / | |
2000-ти▲ | |||
2007 | Јас сум од Титов Велес ТВ филм | Професор | |
2010-ти▲ | |||
2012 | Македонски народни приказни ТВ серија | ||
2014 | До балчак | Поп |
Наводи
уреди- ↑ „IN MEMORIAM Драгиша Димитријевски – Шипе“. Радио Браво. 8 јануари 2013. Посетено на 2013-01-08.