Долап (село)
Долап (грчки: Σαρακατσαναίικο, Саракацанејко; до 1927 г. Δολάπ, Долап[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението било етнички мешано.[3]
Долап Ζευγολατειό | |
---|---|
Куќи и ниви во Долап | |
Координати: 41°10.5′N 23°17.20′E / 41.1750° СГШ; 23.28667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 33 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 450 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Серското Поле, на 28 км северозападно од Сер и на 2 км јужно од Долна Џумаја.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Долап било мало македонско чифлигарско село.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долап-чифлик (Dolap-tchiflik) било село во Серската каза со 6 домаќинства сочинети од 26 Македонци.[4][5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долап-чифлик (Dolap-chiflik) живееле 120 Грци.[6] Ова е погрешен податок.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се растурило во воените немири, така што во на пописот од 1913 г. се води како напуштено.[3] Растурениот чифлик бил откупен од неколку сточарски семејства Власи-Каракачани.[3] Затоа, во 1927 г. селото по нив е преименувано во Саракацанекко, во превод каракачанско.
Во 1928 г. селото е попишано со 59 жители, меѓу кои биле и 5 нови дојденци.[3] Во следниот период населението на Долап значително пораснало. Меѓутоа, во 1970-тите подоцна почнало на големо да се иселува во градовите, иако продолжило да ги обработува своите имоти во Долап.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 91 | 108 | 123 | 52 | 7 | 0 | 58 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 194–195. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 315. ISBN 954-9800-52-0.