Димче Аџимитревски

Димче Аџимитревски ( 1915 во Прилеп1994 во Скопје) ― револуционер, учесник во рабоничкото и студентското движење.[1][2]

Животопис

уреди

Член на КПЈ од 1935 година. Во периодот од 1932 до 1934 година е член на ΜΟΡΟ (Македонска омладинска револуционерна организација) заедно со Коле Неделковски, Венко Марковски, Асен Симитчиев и други.[3] Кон крајот на 1941 година и целата 1942 година, тој бил член на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и на Покраинскиот комитет на СКОЈ. Партиски инструктор во Охрид и во Струмица. Бил затворен фашистичка Бугарија од 1943 година до крајот на Втората светска војна. Есента, 1944 година тој станал организационен секретар на Месниот комитет во Скопје. По војната вршел државни и политички функции. Бил уапсен, бидејќи дошол во судир со официјалната политика на КПЈ во однос на Резолуцијата на Информбирото. Казната ја издржувал на Голи Оток.[2]

Починал 1994 година во Скопје. Посмртно (во 1997 година), од печат излезени се неговите сеќавања за настани и личности од македонското револуционерно минато.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 54. ISBN 9989-624-46-1.
  2. 2,0 2,1 Павловски и други, Јован (2002). Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. стр. 35. ISBN 9989-613-28-1.
  3. Ачковска, Виолета (2009). Историски современи македонски парадокси - Случајот на Венко Марковски (PDF). Скопје: ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ. стр. 233.