Димитар Караташо (1798, ИматијаБелград, 1861), според некој истражувања бил роден како Димитар Џами Караташо[2] или Димитар Константинов Караташо.[3] познат исто под псевдонимот Јеро-Цамис или Јеро-Караташомакедонски[4] поглавар кој учествувал во Востанието на Караташо Помладиот и други бунтови. Се борел за слободата на Егејска Македонија.

Димитар Караташо
Родено имеДимитар Џами Караташо[1]
ПрекариЈеро-Цамис, Јеро-Караташо
Починалок. 1861
Белград, Србија
Битки/војниВостание на Караташо Помладиот

Раниот живот

уреди

Караташо е роден во селото Дихалеври во регионот Иматија (сега Егејска Македонија) во 1798 година, син на Анастасио Караташо.[5] Учествувал во Грчката војна за независност. заедно со неговиот татко, прво во областа Науса и, по уништувањето на Науса, во Румели. Во 1828 година, тој бил водечка фигура во последната фаза од војната за ослободување на Румелија од целото турско воено присуство.

Подоцнежниот живот

уреди

Во периодот 1844–1853 година тој се впуштал во српските и македонските заедници во Трст и во Скопје за да најде поддршка за заедничка кауза. Неговите задачи биле полуофицијални и тој работел како современ политички агент кој се обидувал да создаде сојузи прекѕ тајна дипломатија.

 
Статуата на Караташо во Солун од скулпторот Георгиос Димитријадес.

Учество во востанието на Караташо Помладиот

уреди

При избувнувањето на Кримската војна, Караташо одлучил да го почне неговото востание и на крајот на март 1854 година, на чело на 500 Македонци и 10 бродови, тргнал од Евбеја и на 6 април ја закотвил Касандра во Заливот Каламици. Планот бил да се движеп на север кон Солун заедно со македонските бунтовници. Најавен како врховен командант на Македонија, Караташо ги ослободи Шиќа, Партиноне, Никит помеѓу 10-22 април. Насекаде бил пречекан од населението. По Велигден се упатува кон Румилја.[6]

Караташо бил еден од главните поттикнувачи на бунтот, за време на кој стана познат под епитетот Јеро (грчки: γέρο што значelo „постар“), како Јеро-Цамис или Јеро-Караташо.[5][7] Меѓутоа, бунтот не успеал во својот дел.

После востанието

уреди

Во 1831 после бунтот се преселил во Албанија и се обидувал да почне востание во Берат за ослободувањето на Македонците во Албанија но не бил успешен.[8]

После тоа во 1854 се вратил назад во Егејска Македонија и водел второ востание, сместено во Халкидики каде што се обидувал да го ослободи регионот, добил мала подршка од грчкиот крал Отон, во време на востанието тој се потпишувал како „Главен шеф на Македонија“ во писмата, но заради силната армија на Османлиската империја било неуспешно востанието.[9]

Во 1859 година тој ги објавил своите гледишта јавно во различни грчки весници за македонскиот народ посакувал да доби поддршка и совет за својата цел. Затоа, во 1861 година патувал во Белград за да ги ширел неговите мисли. За време на престојот умрел од неутврдени причини, веројатно од болест, додека планирал уште едно востание.

Наводи

уреди
  1. Risteska-Peševska, Margarita (1993). Politikata na frant͡sija kon Makedonija od Berlinskiot kongres do 1903 godina. NIO "Studentski Zbor". стр. 88. line feed character во |title= во положба 40 (help)
  2. Ристеска-Пешевска, Маргарита (1993). Политиката на Франција кон Македонија од Берлинскиот конгрес до 1903 година. НИО „Студентски збор“. стр. 88.
  3. Osteuropa Neuerwerbungen. (1991). (n.p.). с.61
  4. Istorija, spisanie na Sojuzot na društvata na istoričarite na SR Makedonija. Sojuz na društvata na istoričarite na SR Makedonija. 1978. стр. 237.
  5. 5,0 5,1 Institute for Balkan Studies 1976.
  6. Vakalopoulos, Kostandinos (1988). Modern History of Macedonia (1830-1912). Barbounakis. стр. 30.
  7. Stacy Bergstrom Haldi (2013). Why Wars Widen: A Theory of Predation and Balancing. Routledge. стр. 125. ISBN 9780203011683. Посетено на 2009-04-24.
  8. N. Todorov, Varban (1995). Greek Federalism During the Nineteenth Century Ideas and Projects. East European Quarterly. стр. 64. ISBN 9780880333054.
  9. Македонска Енциклопедија

Користена литература

уреди